Паисиј () — скопски митрополит во периодот од 1868 до 1891 година.
Биографија Роден е во Негуш во 1806 година. Пајсиј во 1848 година бил поставен во Врање како администратор-ѓакон на скопскиот митрополит Јоаким. Во 1852 година бил посветен за хороепископ на Врање, должност што ја вршел до 1865 година. Во 1865 година бил поставен за митрополит на Рушчук (денес Русе, Бугарија), каде не сакале да го примат, па се вртил во Врање.
Скопски митрополит На 8 април (стар стил 25 февруари) 1868 година бил поставен за митрополит во Скопје. Отпорот на скопското население кон митрополитот Паисиј, но и воопшто кон Константинополската патријаршија кулминирале на 27 септември 1869 година кога, на таканареченото Крстовденско собрание, населението на Скопје донело решение со кое Скопската црковно-училишна општина се откажува од јуриздикцијата на Константинополската патријаршија и од епископот поставен од неа.
Откажувањето од јурисдикцијата на Константинополската патријаршија во практика значело дека Скопската црковно-училишна општина одбрала да биде во шизма со Црквата се до исполнувањето на нејзините барања: домороден висок и низок клер во епархијата, домородни епитропи, црковнословенски јазик во црквите и народен во училиштата. Ваквиот черкор на Скопјани не бил историски преседан, постапки како оваа и слични веќе биле практикувани низ цела Македонија.
Белешки
Наводи
Литература
Надворешни врски
Категорија:Скопски митрополити Категорија:Починати во 1892 година