мини|десно|Митрополит Доротеј Доротеј е роден во 1830 година како Дончо Иванов Спасов во Копривштица. Во 1847 година бил замонашен во Хиландарскиот манастир на Света Гора, а во 1850 бил поставен за протосингел на Врачанскиот манастир и таксидиот во градот Плевен. Во април 1861 година бил избран за Софиски митрополит, а од 1872 до 1875 година бил првиот Скопски егзархиски митрополит. Починал во Истанбул на 15 август 1875 година.

Софиски митрополит Во април 1861 година Доротеј бил поставен за Софиски митрополит на место дотогашниот Гедеон, кој бил сменет бидејќи ја отфрлил јуриздикцијата на Цариградската патријаршија и на богослуженијата повеќе не го спомнувал Цариградскиот патријарх, туку султанот и Иларион Макариополски. Како клерик на Константинополската патријаршија, но и како последица од неговиот дотогашен однос кон населението, во Софија не сакале да го примат.

Кога на 15 јуни 1861 година пристигнал во Софија, не само што имало бунт туку населението не му дозволило ниту да влезе во Митрополијата. Поради ова реагирала турската власт и двајцата претставници на населението во меџлисот: Хаџи Иван и Панчо Антов, како и неколку повидни граѓани биле уапсени. Уапсените лица биле ослободени дури откако изјавиле дека веќе нема да се бунтуваат против епископот. Покрај населението и дел од манастирите низ епархијата не му дозволувале да престојува во нив.

Кон крајот од годината (14 декември 1861) Софијци успеале да го истераат од Софија. По неговото пристигнување во Истанбул тој имал средби со претставници на Исусовиот орден на Римокатоличката црква. По три години (16 јули 1864 година) тој повторно се вратил во Софиската епархија, но не во Софија, туку во градот Берковица. Имено, во Софија секоја година на празникот свети Никола го славеле и изгонувањето на Доротеј од градот.

Литература

Категорија:Скопски митрополити