Георги Стојанов Кандиларов (Котел, 8 август 1851 — Арбанаси, 19 јуни 1943) — истакнат учител во Солунската машка гимназија. Деец на Бугарската пропаганда во Македонија.
Животопис
Ран живот и образование Георги Кандиларов е роден на 8 август 1851 година во Котел, тогаш дел од Отоманското Царство. Се образувал во неговиот роден град меѓу 1869–1873 година. Во 1880 година стекнал семинар во Одеса, Русија. Истата година учествувал во основањето на Солунската машка гимназија, значаен огранок на Бугарската пропаганда во Македонија.„Пламъкът на солунския светилник“ юбилеен сборник, Народна просвета, София, 1970, стр. 293. Се приклучил во Бугарската егзархија. Во 1884 година стекнал више образование во Киевската духовна академија.
Просветната дејност во Македонија лево|мини|Првата генерација на матуранти во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (матуранти): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски|265x265пксМеѓу 1883–1887 година бил директор на Солунската машка гимназија. Меѓу 1884–1885 година бил директор на Солунската женска гимназија. Меѓу 1887–1889 година дејствувал во Воден. Учествувал во борбата за Македонија како претставник на егзархијата и бугарската пропаганда. Околу 1888 година отоманската власт го уапсиле но следната година бил амнестиран. Меѓу 1889–1890 година бил директор на егзархиското училиште во Битола, во 1891 година во Сер и Скопје.
Во Македонија Кандиларов помогнал со отворањето на 35 егзархиски училишта. Поради тоа бил уапсан и подоцна се вратил во неговиот мајчин град.
Дејноста во Бугарија Учителствувал во Љасковец меѓу 1892–1895 година. Во 1896 година отворил духовна академија во Истанбул. Меѓу 1897-1899 година бил нејзин ректор. Меѓу 1900–1906 година бил директор на женска гимназија во Русе. Учитествувал во софиската духовна семинарија меѓу 1916–1918 година. Меѓу 1920–1925 година учителствувал во Пловдив. Кандиларов бил женет со Ана Кандиларова (моминско: Трпчева). Починал на 19 јуни 1943 година во Арбанаси.Енциклопедия „България“, том 3, Издателство на БАН, София, 1983Алманах на българските национални движения след 1878, Академично издателство „Марин Дринов“, София 2005, с. 449.
Дела
Родословие
Наводи
Категорија:Родени во 1851 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Луѓе од Котел Категорија:Учители на Бугарската егзархија Категорија:Учители во Битолската машка гимназија Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Дејци на бугарската образовна пропаганда во Македонија Категорија:Починати во Арбанаси