мини|284x284пкс|Карта на автобуската маршрута Германија — Бендери. Маршрута ( — „чекор“, и route — „пат“) — патека на движење на некој објект, која го зема предвид правецот на движење во однос на географски обележја (или координати), со означени почетни, крајни и меѓуточки, доколку ги има.
Во други извори е наведено дека маршрута е патоказ, односно указание на патот за патување, поминување на војска; распоред на места за одмор, преноќување и сл. со други подробности, во зависност од потребата, и список на имиња на точките што се наоѓаат по патот на претстојното движење.
Состав Маршрутата обично се составува врз основа на топографска карта, вклучително и патна, и обично вклучува:
место (точка) на поаѓање; време на поаѓање; вкупна должина на патот; должина на неговите одделни делници; вид, род и тип на превоз; места (точки) за преседнување, доколку се предвидени; место (точка) на пристигнување; време на пристигнување; други известувања.
Видови, родови и типови Поради различната човечка дејност (работа, одмор, на пример туристички, екскурзиски итн.), користените средства, тежината на теренот итн., постојат различни видови, родови и типови на маршрути:
копнена: пешачка; на животни: коњска; и така натаму. водна: речна: бродска; паробродска; и така натаму.
Наводи
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Насоченост