мини|Културен туризам во Египет во 19 век. десно|мини|Туристи во замокот Херст, Калифорнија. мини|Туристи ги фотографираат урнатините на кмерскиот храм Пре Руп, пример за културен туризам. Културен туризам — вид туризам во кој суштинската мотивација на посетителот е да учи, открива, доживува и консумира културни атракции и производи што ги нуди туристичкото одредиште. Овие атракции и производи се однесуваат на интелектуалните, духовните и емоционалните одлики на едно општество што ги опфаќа уметноста и архитектурата, историското и културното наследство, кулинарското наследство, книжевноста, музиката, креативните индустрии, како и живите култури со нивните начини на живот, вредносни системи, верувања и обичаи.

Преглед Културните туристички искуства вклучуваат, но не се ограничени на, архитектонски и археолошки богатства, кулинарски активности, фестивали или настани, историски или наследни објекти, места, споменици и обележја, музеи и изложби, национални паркови и природни резервати и верски места. Културниот туризам го опфаќа туризмот во урбани средини, особено историски или големи градови и нивните културни објекти како што се театрите, како и туризмот во оддалечени, домородни области. Во Соединетите Американски Држави во дваесет и првиот век, националните паркови и ограничен број совети на Индијанци продолжуваат да го промовираат „племенскиот туризам“.

Застапниците на културниот туризам се на став дека тој му дава на месното население можност да има финансиска корист од своето културно наследство и на тој начин да го цени и чува, а воедно им дава можност на посетителите да ги прошират своите лични хоризонти. Од друга страна културниот туризам може да има негативни ефекти врз месните жители, како што се нестабилност на месната економија, зголемување на трошоците за живот за месното население, зголемување на загадувањето или создавање еколошки проблеми. Исто така, месното население е изложено на ризик од допир со нови начини на живот што можат да го нарушат нивниот општествен систем.

Овој облик на туризам станува сè попопуларен низ целиот свет, а неодамнешен извештај на ОЕЦД ја истакнал улогата што културниот туризам може да ја игра во подрачниот развој во различни подрачја во светот. Културниот туризам неодамна особено се насочил кон задоволување на растечката желба за културни „доживувања“. мини|264x264пкс|Украсен бунар во Залипие, Полска мини|Туристи во културно-историскиот Стар град Порво Секторите на културниот туризам може да се разликуваат според одредиштето (урбан културен туризам, селски културен туризам итн.), но и според темата на патувањето (туризам на културното наследство, туризам на популарната култура итн.). Главните поткатегории се поподробно разгледани подолу.

Поткатегории на културен туризам

Туризам на културно наследство

Археолошки наоѓалишта Споменици Архитектура Музеи Верски места

Туризмот поврзан со културното наследството вклучува патување до местото од културно значење за да се поврзе со наследството на подрачјето и месното население. Во последниве години, поголемо внимание се посветува на вклучувањето и внимателното претставување на историјата на маргинализираните групи за туристичката публика, што е обележано со ажурирањата на УНЕСКО на нивниот список на светско наследство, кој е сеопфатен список на значајни места на наследството.

Уметнички туризам

Театар Концерти и музички места Галерии Фестивали, карневали и настани Книжевни места

Уметничкиот туризам вклучува патување до местото на уметничка изложба, која вклучува настапи во живо, музеи и библиотеки. Уметничкиот туризам е релативно понечест облик на културен туризам, поради историската исклучивост на уметничката сцена и можноста уметниците да одат на турнеја, со што се отстранува потребата од туризам. Сепак, во последниве години, уметничката заедница стави зголемен нагласок на давањето предност на достапноста на месната уметност и изложби.

Творечки туризам

Фотографија Сликање Грнчарство Кулинарски уметности Учење јазици

Творечкиот (креативниот) туризам вклучува активно учество на туристите во културни искуства својствени за секое одредиште за одмор. Теоријата и дефиницијата за овој облик на туризам го дале Грег Ричардс и Криспин Рејмонд во 2000 година. Тие го дефинирале творечкиот туризам како: „Туризам кој им нуди на посетителите можност да го развијат својот творечки потенцијал преку активно учество во курсеви и искуства за учење, кои се својствени на одредиштето за одмор каде што се однесени.“ (Ричардс, Грег и Рејмонд, Криспин, 2000).

Овој вид туризам е спротивен на масовниот туризам и им овозможува на одредиштата да се издвојат и да понудат нови активности различни од другите одредишта.

Слично на тоа, УНЕСКО во 2004 година започнал програма насловена како „Мрежа на креативни градови“. Оваа мрежа има за цел да ги истакне градовите низ целиот свет кои ја ставаат креативноста во срцето на нивниот план за одржлив урбан развој. Креативните градови се организирани во седум категории кои претставуваат седум различни творечки области: занаети и народни уметности, дигитални уметности, филм, дизајн, гастрономија, книжевност и музика. Од јануари 2020 година, мрежата има 246 члена во сите категории. Во 2010 година во Барселона била основана непрофитна организација „Мрежа за творечки туризам“ чија цел е развој на овој нов вид туризам. Нејзините мисии вклучуваат, меѓу другото: претставува на творечкиот туризам, создавање мрежа на градови „пријателски настроени кон творештвото“, но и доделување на награди, „Награди за творечки туризам“.

Урбан културен туризам

Историски градови Обновени индустриски градови Развој на крајбрежјето Уметнички и културни знаменитости Шопинг Ноќен живот

Урбаниот културен туризам вклучува патување до урбани места од културно значење, кои често нудат низа историски и рекреативни занимливости. Одредени големи урбани градови со културни понуди се наведени во светското наследство на УНЕСКО и се пофалени за нивниот развој на меѓукултурна размена. Други урбани културни туристички места се постиндустриски градови, кои им нудат на туристите дел од нивната историја заедно со современата рекреација, како што се шопингот и ноќниот живот.

Селски културен туризам

Селски имот или агротуризам Еко-музеи Национални паркови Вински патеки

Селскиот културен туризам вклучува патување до места од културно значење. Некои рурални културни места имаат големо историско значење, како што се националните паркови.

Популарен културен туризам

Тематски паркови Трговски центри Поп-концерти Спортски настани Медиуми и филмски сетови Месности од индустриското наследство Музеи на мода и дизајн

Популарниот културен туризам вклучува секаков вид туристички занимливости кои се современи и мејнстрим, како што се забавни паркови или спортски настани. Популарниот културен туризам неодамна бил вклучен под закрилата на културниот туризам, бидејќи рекреативните активности добиваат сè поголемо признание за нивното културно значење.

Влијанија од културниот туризам врз животната средина

Негативно мини|Со промената на климата и зголемувањето на нивото на водата, туризмот ќе мора да продолжи да се приспособува. На сликата се гледа со подигнати платформи за да им се помогне на туристите и месното население да се движат низ поплавената Венеција, Италија. Зголемениот туристички промет честопати води до поголеми стапки на отпад и загадување во дадена заедница. Ова носи ризик важните културни предели да бидат изложени на значителна штета предизвикана од човекот - „Туристите се во посебна положба, бидејќи не живеат со последиците од загадувањето што го создаваат или со недостатоците што ги создаваат.“ Во многу стари европски градови, како што се Рим, Париз и Фиренца, натрупувањето на загадувачи на воздухот создадени од издувните гасови од автомобилите и бензинските мотори предизвикало белиот камен да биде покриен со загадувачи и да се претвори во сива или црна боја. Овие токсични издувни гасови, исто така, можат да ја забрзаат корозијата на културно важните камени споменици, статуи и историски згради.

Промените во условите на животната средина можат да имаат големо влијание врз човековата околина и местата на културно наследство. Културните предели може да бидат изгубени поради зголемувањето на нивото на водата и сè посилните бури. Ова влошување, а во најлош случај, уништување, може да биде голем проблем во крајбрежните заедници и ниските острови. Поплавите и зголемувањето на нивото на водата, исто така, можат да бидат непосредна закана за археолошките наоѓалишта, историските градби што чуваат културни вредности и историските градини.

Позитивно Туризмот може да им донесе на заедниците економски раст, како од создавање работни места, така и од даночни приходи од продажба на билети за фестивали, музеи, древни урнатини, верски места и историски хотели. Ова зголемување на економскиот раст е добредојдено за местата што треба да се зачуваат, бидејќи честопати е главен извор на приходи за важните културни места каде што недостасува владина помош. „Туризмот може да дејствува како поттик за создавање јавна свест за потребата од зачувување на изградената средина. Воспоставувањето национални паркови, национални споменици и други заштитени подрачја честопати се оправдува со постоењето на туризмот“.

Културниот туризам го поттикнува економскиот раст, го зачувува наследството и го зајакнува меѓукултурното разбирање. Тој промовира одржлив развој и ревитализација на заедницата, придонесувајќи и за месните економии и за глобалното културно збогатување преку зачувување и славење на разновидните обичаи.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Family Heritage Tourism Cultural Heritage Tourism GoUNESCO – Culture and Heritage Travel Challenge Heritage Tourism from the National Trust Success factors for museums & non-profit cultural attractions Sri Lanka Cultural Tour Package

Категорија:Видови туризам Категорија:Културен туризам