Александар Анчевски (, ) — македонски универзитетски професор, дерматовенеролог, ректор на УКИМ и поранешен амбасадор.
Животопис Анчевски е роден во Скопје во 1947 година. Дипломирал во 1972 година, и специјализирал во 1977 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Докторирал од областа на трихологијата (1986). Бил избран за професор во 1987 година. Основач е на Амбулантата за болести на косата на Клиниката за дерматовенерологија. Шеф на Катедрата по дерматовенерологија бил во периодите 1988–1991 и 1995–1997, продекан на Медицинскиот факултет од 1995 до 1999 и ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од 1998 до 2004 година.
Автор е на повеќе од 100 стручно-научни трудови објавени во земјата и во странство.
Награди Добитник е на повеќе награди и признанија: Socius honoris causa на Бугарското дерматолошко здружение, и носител на „Сина лента” - награда од Јапонското здружение на дерматовенеролозите.
Наводи
Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Ректори на УКИМ