Mood Mauve (се чита: Муд Мав) — дводелна експериментална симфонија напишана од американскиот диригент и композитор Расел Хауланд. Песната ја напишал кога завршил со неговото више образование во Универзитетот на Илиноис во 1933 година. Песната претежно припаѓа во жанрот на класична музика но содржи елементи од џезот и современата музика. Во 1935 година за прв пат била издадена во Њујорк од компанијата „Whitmark & Sons“. Песната била редовно емитувана преку радио во САД, Канада и Австралија во 1930-тите и првата половина на 1940-тите. За време на Втората светска војна песната била интонирана во американската војска.
Содржина Песната е составена од два дела, првиот дел е подолг од вториот и потажен. Во него различни инструменти се употребени и редовно се менуваат. Во симфонијата нема пеење но во втората половина на првиот дел некој брмне. Според поранешни апсолвенти од факултетот, Ла Вон Кулман или Реј Шултис брмнал. Професори од Универзитетот на Оклахома наведиле дека песната соодветно изразува различни чувства: тага, среќа, забуна и други низ краток временски период. Според нив песната ја претставува музиката на младите во Америка. Според еден весник од Северна Каролина, Расел Хауланд го одбрал името „Mood Mauve“ поради нејзините сличности со современиот идиом на танцот.The Marion Progress (4 март 1948) стр. 1 Вториот дел нема елементи од современата музика или од џезот.
Прикажување Песната била прикажана во концерти, претстави, радио програми и драмски театари низ 1930-тите и 1940-тите. Најмногу во Соединетите Американски Држави и Австралија. Во Ајова, песната стана симбол на американскиот патриотизам и храброст. Во Илиноис, поконкретно во Универзитетот, песната стана симбол на гордост и искреност. Песната била употребена во концерт организиран на 8 мај 1936 година од диригентот Шулц во Индијанаполис, Индијана.The Daily Echo (8 мај 1936) стр. 4 На 6 август 1937 година песната била употребна во друг концерт во Маркет, Мичиген.The Daily Mining Journal (6 август 1937) стр. 7 На 13 јули 1938 година песната била интонирана на американско радио.Radio Guide (19 февруари 1938) стр. 28 Режисерот Маркус Бах ја употребил песната на Расел Хауланд во неговата драматизирана претстава за историјата на Ајова од нејзиното основање во 19-ти век сѐ до денес. Претставата почнала на 23 февруари 1938 година.The Daily Iowan (23 февруари 1938) стр. 5
На 19 мај 1938 година имало фестивал каде оркестра од 76 членови ја свиреле песната на Расел Хауланд заедно со други класични песни.The Daily Iowan (19 мај 1938) стр. 5 Диригентот Чарлс Б. Рајт од Универзитетот на Ајова ја одбрал песната за неговиот концерт на 4 јуни 1938 година.The Daily Iowan (4 јуни 1938) стр. 4 Песната била дел од уште еден концерт во Мичиген на 2 јули 1939 година.The Daily Mining Journal (2 јули 1939) стр. 8 За време на Втората светска војна песната била интонирана во американската војска. Во Ајова, средба организирана од свештеникот Чарлс Гилкиј на 19 април 1945 година ја употреби песната со цел да ги мотивира останатите членови на црквата.The Daily Iowan (19 април 1945) стр. 3 На 5 јуни 1946 година песната била дел од програмата на концерт. После втората половина на 1940-тите употребата на песната се намали, поради тоа во 1950-тите и 1960-тите песната била целосно заборена.
Наводи
Надворешни врски
Првиот дел на симфонијата на Internet Archive. Вториот дел на симфонијата на Internet Archive.
Категорија:Класична музика во САД Категорија:Класична музика од 20-тиот век Категорија:Појавено во 1935 година Категорија:Џез-композиции