Борче Наумовски познат како "МИНИСТЕРОТ" (Сиднеј,10 септември 1974) - македонски популарен фолк-поп пејач.
Животопис Борче Наумовски е роден на 10 септември 1974 година во Сиднеј, Австралија. Потекнува од градот на конзулите Битола каде е и израснат заедно со своето четиричлено семејство. Музичката дарба и љубовта кон уметноста ги пројавува уште во најраното детсво, започнувајќи со свирење хармоника на осумгодишна возраст. Истовремено се занимава и со свирење на акоустична гитара во оркестарот на ООУ "Елпида Караманди" - Битола. Средното образование го продолжува во Државното музичко училиште "Тоше Проески" во Битола. мини|Раните почетоци на Борче Наумовски|330x330пкс Професионалната музичка кариера ја започнува во 1990 година како член на групата "Пелистерски очи", каде што заедно со групата го поминуваат летото во извидничкото летувалиште во Претор. Во периодот 1991-1993 година настапува како хармоникаш во групата "Медиум", а во 1994 година се афирмира како вокален солист во битолската група "Мистик", со која бележи бројни настапи низ цела Македонија. Неговото прво авторско музичко остварување, е песната "Дано Данче" излегува во 1995 година, поставувајќи го темелот на понатамошната богата продукција. Следува интезивно учество на повеќе од 36 музички фестивали ширум државата, меѓу кои се издвојуваат: Фолк фест Валандово, Цветници, Тримери, Охридски трубадури, Тетовски фолк-фест, Роса фест, Серенада фест, Прилеп фест и други. На овие фестивали добива бројни признанија и награди за вокална интерпретација, композиција и сценски настап.
Првиот студиски албум го објавува во 1997 година под продукција на Македонската телевизија, со наслов "Прстен купив", а во 2000 година го издава вториот албум "Во меана" во соработка со реномираниот Сашко Велков. Продолжува со издавање на уште два албума: "Песна љубовна" и "Македонски народе", при што зад себе остава вкупно четири албумски изданија. Во 1997 година ја реализира својата прва интернационална турнеја во Австралија, а во 1999 година настапува во САД, по што следат концерти во бројни европски земји: Шведска, Данска, Германија, Англија, Австрија и други, каде македонската песна добива свој глас преку неговата интерпретација.
Во 2000 година стапува во брак и заедно со сопругата се преселува во својот роден град Сиднеј каде живее седум и пол години заедно со своето семејство. Во тој период е ангажиран на многубројни концерти, приватни свечености и настани во ресторани низ цела Австралија, а активно соработува и со музичката група "Мода". Во 2009 година се враќа во татковината, каде продолжува со интезивна и продуктивна музичка активност. Учествува на фестивали, создава нови композиции и останува постојан присутен на домашната музичка сцена. Денес живее и твори во Битола, заедно со својата сопруга и трите ќерки, останувајќи верен на македонската музичка традиција.
Спотови +Спот ГодинаРежисерДано Данче1995Борче Наумовски (и изведувач)Прстен купив1997Барај песна моме убаво1997Гнездо наше Ротино1997Ој меано, куќо ветровита1998Мала ноќна серенада2000Само си скитаме2008Мерак по тебе2008Моја судбина во меана2008Свадба македонска2008Втор пат се раѓам2009Песна љубовна2010ИН ПродукцијаМарија2011Перфектна2011Гурбетот е мојот живот2011Леле каква жена 20111500 страни2012Друга жена не сакам2012Македонски народе2013Ѓавол да те однесе2014Ти си мојот сон2014ИН ПродукцијаЛенче комшивче2017ИН ПродукцијаПрвиот гурбетчија2018Убавица си моја2018ИН ПродукцијаДевојки лични убави2021ИН ПродукцијаЖивеј мераклиски2022Еј другари стари2024Арт Студио ПродукцијаТуѓина пуста јабана 2024Арт Студио Продукција
Надворешни врски
Борче Наумовски на YouTube
Борче Наумовски Министерот – Страница