Црквата „Протатон“, позната и како „Успение Богородично“, се наоѓа во Кареја, административниот центар на Света Гора, Грција. Таа е средновековна православна црква и се смета за најстарата катедрала на полуостровот, изградена во првобитниот облик во X век. Посветена е на Успението на Пресвета Богородица, чиј празник се прославува свечено на 15 август.

Историја Според преданието, црквата била основана од св. Константин Велики во 335 година, иако во тоа време монаштвото на Атон не било развиено. Во X век храмот бил обновен, а во текот на вековите претрпел неколку реконструкции. Денес, таа е главна црква на светогорската заедница и седиште на Протатонот, управното тело на Света Гора.

Категорија:Света Гора