Кристаќ Дамо ( – година) — албански филмски режисер. Во 1979 година ја добил титулата „Заслужен уметник“, а во 1987 година бил награден со медал „Народен уметник на Албанија“. На 11-тиот „Фестивал на албанскиот филм“ во 2000 година бил награден со „Награда за кариера“. Еден од неговите познати цитати е: „Општество што има филмска индустрија е општество што може да се развива“.

Дамо дипломирал на „Вишиот институт за кинематографија“ во Будимпешта, Унгарија. По студиите, почнал да работи во Филмското студио - „Нова Албанија“. Негов прв режиран филм, снимен на 25-годишна возраст бил филмот „Тана“, кој е познат како првиот албански игран филм, продуциран од Филмското студио „Нова Албанија“ (подоцна познато како Киностудио „Нова Албанија“). Тана, премиерно бил прикажан на 17 август 1958 година. Долги години бил уметнички директор во Филмското студио „Нова Албанија“. Кристаќ Дамо претставувал жива енцилопедија за филмови и бил ментор на голем број режисери и сценаристи на албански играни и документарни филмови. Неговата поддршка била од непроценливо значење за припремањето на млади студенти по кинематографија, организирајќи професионални курсеви. На овие курсеви тој великодушно го споделувал своето знаење и долгогодишно искуство од областа на филмот. На негова иницијатива, во септември 1984 година, на Вишиот институт за уметност (денешен Универзитет за уметности), бил отворен првиот едногодишен курс за сценаристи и режисери на играни и документарни филмови.

Филмот „Тана“ (од 1958 година) бил прикажан на „Првиот московски меѓународен филмски фестивал“. Тој бил направен според истоимениот роман на Фатмир Ѓата и неговата содржина го прикажувала селскиот социјален живот. Дејството на филмот се одигрува во педесеттите години на 20-тиот век. Во јадрото на приказната е Тана – интелигентна девојка со напредни идеи и нејзината љубов кон Стефан, момче од сиромашно село во планината. Тана е во судир со застарениот светоглед на нејзиниот дедо, како и со љубомората на Лефтер. Филмот ја претставува борбата меѓу љубовта и традиционалните предрасуди, како симбол на стремежот кон прогрес. „Тана“ воедно претставува и првиот албански филм во кој се појавува сцена со бакнеж.

Дамо починал на 14 август 2022 година, на 89-годишна возраст. Имал две ќерки и сопруга - археологот Дорка Дамо.

Филмографија

Режија За време на комунистичкиот режим, тој режирал голем број филмови, меѓу кои:

Невидлив свет (1987) Одлука (1984) Есенски прекори (1982) Од средината на темнината (1978) Бразда (1973) Воздухопловство (1971) Отпечаток (1970) Револуционерно пријателство (1967) Тие не умираат (1966) Рани години (1965) Специјална задача (1963) Ансамбл за песни и ора (1960) Среќа (1959) Се заљубивме во Албанија (1959) Тана (1958)

Филмски сценарија Дамо работел и како сценарист за некои од неговите режирани филмови:

Невидлив свет (1987) Есенски прекори (1982) Од средината на темнината (1978) Рани години (1965) Ансамбл за песни и ора (1960) Тана (1958) – првиот албански долгометражен филм

Наводи

Категорија:Починати во 2022 година Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Албански режисери Категорија:Народни уметници на Албанија