Методија Столески (р. година во Струга) — македонски фолк пејач и музичар на народна и новосоздадена музика.
Кариера Методија Столески својата кариера ја започнал во 2018 година, настапувајќи на фестивалот Гоце Фест со песната „Песно наша“, каде тој настапил и следната година со песната "Мајка". Истата година тој настапил и на фестивалот "Филиграни" со "Кај што гази ногата" по текст на Огнен Неделковски, музика и аранжман на Цане Петров од Група Биоритам и "Лешочки Фолк Фест" со песната "Срце печалбарско".
Во 2021 на фестивалот "Тумба Фест" во Куманово, настапил со песната "Зет како мед" по музика и текст на Цане Петров.
Од 2022 до 2023 година беше член на групата "Алфа Бенд" - Скопје.
Тој е чест гостин во емисијата "Мерак меана" на Сител Телевизија, каде има испеано многу македонски патриотски и народни родољубиви песни.
Тој е често настапува на Гоце Фест, каде во 2022 година, настапил со песната "Крв македонска" и 2023 со неговиот хит "Од Илинден 120 лета". Истата година настапил и на "Тумба Фест" со "Заљуби се у попову ќерку".
Од 2023 година е член на групата "Седенка" каде заедно со Елена Андоновска настапуваат во Македонија и надвор од неа.
Во 2024 година, за прв пат настапува на Фолк Фест Валандово со песната "Земи се" по текст на Борче Нечовски, музика и аранжман на Александар Јовевски, каде и во 2025 настапил со песната "Тага за Ристана". Истата година, настапил и на "Гоце Фест" со "Руво жетовска".
Во 2025 година, ја има неговата прва турнеја во Австралија, заедно со Спасен Сиљаноски.
Надворешни врски Официјален јутјуб канал на Методија Столески
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски фолк пејачи