Џорџ Орсон Велс (Кеноша, — Лос Анџелес, ) — американски режисер, глумец, писател, продуцент и магионичар кој е запаметен по неговата иновативна работа во филмот, радиото и театарот.Buffum, Richard (October 20, 1985). "Magic Loomed Large in World of Orson Welles" The Los Angeles Times Тој се смета за еден од најголемите и највлијателните филмски режисери на сите времиња.
На 21 година, Велс режирал високопрофилни сценски продукции за Федералниот театарски проект во Њујорк - почнувајќи со прославената адаптација на „Макбет“ од 1936 година со афроамериканска екипа, а завршил со политичкиот мјузикл „Лулката ќе се заниша“ во 1937 година. Тој и Џон Хаусман го основале театарот „Меркјури“, независна театарска компанија со репертоар која презентирала продукции на Бродвеј до 1941 година, вклучувајќи ја и модерната, политички набиена претстава „Цезар“ (1937). Во 1938 година, неговата радио антолошка серија „Театар Меркјури во етерот“ му дала на Велс платформа да стекне меѓународна слава како режисер и наратор на радио адаптацијата на романот „Војната на световите “ од Х.Џ. Велс, што предизвикало некои слушатели да поверуваат дека се случува инвазија на Марс. Настанот го воздигнал 23-годишникот во озлогласеност.
Неговиот прв филм бил „Граѓанин Кејн“ (1941), кој го продуцирал, режирал и глумел како главниот лик, Чарлс Фостер Кејн. Сесилија Агер, додека ја пишувала рецензијата за него во списанието „ПМ“, напишала: „Гледајќи го, како никогаш порано да не сте гледале филм.“ Постојано е рангиран како еден од најдобрите филмови некогаш направени. Тој режирал уште дванаесет играни филмови, од кои најпознати се „Величествените Амберсонови“ (1942), „Отело“ (1951), „Допирот на злото“ (1958), „Процес“ (1962) и „Полноќни камбани“ (1966). Велс глумел и во филмови на други режисери, играјќи го Рочестер во „Џејн Ер“ (1943), Хари Лајм во „Третиот човек“ (1949) и кардиналот Волзи во „Човек за сите времиња“ (1966).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Членови на Академијата на убавите уметности Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Добитници на Греми Категорија:Добитници на Оскар за најдобро оригинално сценарио Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Американски атеисти