мини|Виски сауер декориран со парче лимон и цреши мараскино. Коктели сауер (од англ. sour — „кисел“) — семејство коктели, добро познато уште од средината на XIX век како еден вид „пунч за еден“ — коктел „Фикс“, и се состојат од алкохолна основа, шеќер, вода, лимонов сок и мраз.
До крајот на XIX век, „сауер“ станал семејство коктели со доста разновидни рецепти. Тие спаѓаат во групата на дигестиви.Wondrich, 2007, p. 101.Технология приготовления коктейлей и напитков: Учеб. пособие для нач. проф. образования / Л. С. Кучер, Л. М. Шкуратова. — Издательский центр «Академия», 2005. — ISBN 5-7695-1973-8. (руски)
Историја Коктелите сауер потекнуваат право од пунчот, измислен во 1620-1630-тите години (најверојатно од морнари, кои го подобрувале вкусот на дестилираниот алкохол со додавање цитрусен сок). До средината на XIX век се појавиле многу месни варијанти на пунч, престанале да го прават и послужуваат во големи садови за заедничко послужување, а почнале да го подготвуваат и служат поединечно. Уште во 1858 г., името се споменува во „Њујорк тајмс“ како нешто што се подразбира, без дополнителни објаснувања.
Коктелите сауер се опишани во книгата на барменот Џери Томас „Како да се мешаат пијалаци“ (Jerry Thomas „How to Mix Drinks, The Bon Vivant’s Companion“), објавена во 1862 г. Џ. Томас исто така укажува на потеклото на коктелите сауер од пунчовите.
Денес, многу коктели сауер се наоѓаат на официјалниот список на коктели на Меѓународната асоцијација на шанкери (МАШ): бела дама, виски сауер, даикири, каипириња, камиказе, маргарита, писко сауер и сајдкар.
Состав Некогаш, коктелите сауер се подготвувале користејќи само лимонов сок, шеќерен сируп и еден од силните алкохолни пијалаци. Постоеле најмалку две школи на подготовка на коктели сауер:
оние што правеле коктели соодветни на нивното име, со изразен, но кисел вкус („сауер“ — кисел, од англ.), и оние што правеле коктели сауер што биле повеќе слатки, со мала количина лимонов сок и добро балансирана слаткост.
Веќе на крајот на XIX век, рецептот за овие коктели не бил толку строг. За нивна подготовка се користат најразлични кисели сокови и нивни мешавини. Покрај силните алкохолни пијалаци, се користат и вина, а наместо шеќерен сируп — други видови сирупи, ликери, овошни ликери и др.
Подготовка Коктелите сауер се подготвуваат во шејкер. Тие, по правило, се служат во чаша конкретно наменета за нив. Посебно внимание се посветува на нивното украсно уредување, со украсување на чашата со мраз, парчиња лимон или портокал, вишни и слично. Коктелите сауер обично се служат со цевче.
Наводи
Надворешни врски
10 Sour Cocktails to Make Right Now
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Коктели