Сава Осветениот (; Кесарија, 439 – Ерусалим, 5 декември 532) — монах и светец.

Животопис Роден е во 439 година во Кападокија, во христијанско семејство, од татко Јован и мајка Софија. На 17-годишна возраст станал монах.

Постојат документи што сведочат за учеството на Сава Осветениот во теолошките спорови што се воделе во Цариград пред и за време на Четвртиот вселенски собор. Сава, кој бил поканет од царот Анастасиј I, а на настојување на Ерусалимскиот патријарх, се покажал како доследен бранител на православието, што предизвикало незадоволство кај царот, поддржувач на монофизитите. По смртта на царот Анастасиј, а за време на владеењето на царот Јустин, спорот бил завршен и Сава се вратил во својот манастир.

Сава Осветениот е автор на повелбата именувана по него – Повелбата на Свети Сава – во која е регулиран редот на богослужбата и се опишани монашките традиции во палестинските манастири од 5 век. Напишана е под влијание на монашките повелби на Свети Пахомиј и Свети Василиј Велики.

Православната црква го слави овој светец на 18 декември според грегоријанскиот, односно на 5 декември според јулијанскиот календар .

Поврзано Манастир на Свети Сава Осветениот Млекопитателница

Наводи

Надворешни врски Охридски пролог: Преподобен Сава Осветениот Житието на преподобниот Сава Осветениот

Категорија:Грчки светци Категорија:Починати во 532 година Категорија:Родени во 439 година