Едвард Г. Робинсон (роден како Емануел Голденберг; 12 декември 1893 година — 26 јануари 1973) — американски театарски и филмски глумец, популарен за време на Златното доба на Холивуд. Глумел во 30 бродвејски претстави, и повеќе од 100 филмови, во текот на 50-годишната кариера, и е најдобро запаметен по неговите улоги на тврдокорни гангстери во филмови како Мал Цезар и Ки Ларго. За време на неговата кариера, Робинсон ја добил наградата на Канскиот филмски фестивал за најдобар глумец за неговата изведба во Куќа на странци.
Во текот на 1930-тите и 1940-тите, Робинсон јавно го критикувал фашизмот и нацизмот, кои биле на сила во Европа во тој период. Неговиот активизам вклучувал донации од над 250.000 долари на повеќе од 850 организации. Во текот на 1950-тите, бил повикан да сведочи пред Комитетот за неамерикански активности на Претставничкиот дом за време на Црвениот страв, но бил ослободен од секаква намерна вмешаност во комунизмот бидејќи тврдел дека бил „измамен“ од неколку луѓе (вклучувајќи го и сценаристот Далтон Трамбо). Како резултат на истрагата, тој се нашол на сивата листа на Холивуд, но можл да најде работа во помали филмски студија.
Улогите на Робинсон вклучуваат осигурителен истражител во филмот ноар Двојно обештетување, Датан (противникот на Мојсеј) во Десетте заповеди и неговата последна изведба во научнофанатастичната приказна Сојлент Грин. Робинсон добил почесен Оскар за неговата работа во филмската индустрија, кој му бил доделен два месеци по неговата смрт во 1973 година. Рангиран на 24-то место на листата на Американскиот филмски институт на 25 најголеми машки ѕвезди на класичната американска кинематографија. Повеќе филмски критичари и медиуми го навеле како еден од најдобрите актери кои никогаш не добиле номинација за Оскар.
Наводи
Литература
Надворешни врски
Photographs and literature
Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Починати во 1973 година Категорија:Родени во 1893 година