Во медицината, ексхалиран азот оксид (eNO - сега попознат како FeNO) може да се мери со издишен тест за астма и други респираторни состојби кои се карактеризираат со воспаление на дишните патишта. Азот оксид (NO) е гас кој го создаваат одредени типови клетки при воспалителниот одговот. Фракцијата на ексхалиран NO (FENO) е ветувачки биомаркер за дијагноза, следење и водење на терапијата кај возрасни и деца со астма.
Биологија Кај луѓето, азотниот оксид се создава од L-аргинин со помош на три ензими наречени азот оксид синтази (NOS): индуцибилна (iNOS), ендотелна (eNOS), и невронска (nNOS). Последните две се постојано активни во ендотелните клетки и невроните, додека активноста на iNOS може да биде индуцирани при состојби на инфламација (на пример, од цитокини). При инфламација, некои клетки користат iNOS за да создадат NO, вклучувајќи ги и еозинофилите. Затоа, eNO (познат и како FeNO "фракционо ексхалиран азот оксид") може да послужи како инфламометар.
Иако се смета дека во количината на ексхалиран NO кај астматичари главно придонесува iNOS, студиите кај глувци покажале дека придонес има и nNOS.
Наводи
Категорија:Астма