Марат Наилевич Измајлов (роден на 21 септември 1982 година, во Москва) — руски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Биографија Роден во Москва, Измајлов е волшки татар, додека неговите предци потекнуваат од селото Семјоновка во Нижегородската област.
Клупска кариера Локомотив Москва
Измајлов ја започнал својата кариера Локомотив Москва, каде пробивајќи се низ младинските редови направил молскавичен напредок во период од шест месеци. Своето деби за првиот тим го направил во 2001 година и од тој момент набргу потоа станал важен член на Локомотив, помагајќи му на московскиот клуб да ги освои титулите во Премиер лигата на Русија во 2002 и 2004, а пред тоа, тој ја добил наградата за „Најдобар млад играч“ во својата дебитантска сезона во 2001 година.Нигматуллин признан лучшим футболистом России, а Измайлов – лучшим дебютантом Сепак, и покрај импресивните настапи тој често бил и надвор од игра поради повреди.Ринат Билялетдинов: "С Измайловым творится что-то непонятное"
На 24 октомври 2001, Измајлов го постигнал првиот гол во Лигата на шампионите во својата кариера,Измајлов постигнал гол и во третата квалификациска рунда против Тирол Инсбрук, но УЕФА тие голови ги смета одделно. во победата со 5-1 на гостувањето кај белгискиот Андерлехт.Five-star Lokomotiv sink Anderlecht; UEFA, 24 October 2001.
Спортинг Лисабон thumb|left|Измајлов играјќи за Спортинг Лисабон против Металист во четвртфиналето на Лига Европа во сезоната 2011-2012. Во јули 2007 година, Измаилов му се приклучил на Спортинг Лисабон на позајмица со право на откуп. Своето деби за клубот го направил во Суперкупот на Португалија на 11 август, против Порто во Леирија. Натпреварот завршил 1-0 за „лавовите“, а единствениот гол во натпреварот го постигнал тој во 75-тата минута, со удар од далечина; тој исто така настапил во тој натпревар со повреда.Первый гол за "Спортинг" Измайлов забил травмированной ногой
На 6 октомври 2007 година, влегувајќи од клупата, Измајлов придонел со два доцни гола (негови први во португалското првенство) за победата од 3–0 на домашен терен против . На 22 март 2008, тој го промашил одлучувачкиот пенал во финалето на Лига купот на Португалија, што Спортинг го чинело пораз од Виторија Сетубал. Сезоната 2007-2008, Измајлов ја завршил со 47 одиграни натпревар и 8 постигнати гола во сите натпреварувања, додека Спортинг завршил на второто место во првенството и го освоил Купот на Португалија. Во текот на летото 2008, тој потпишал перманентен договор со Спортинг, кој му платил на Локомотив 4.5 милиони евра.A Bola: "Шахтер" и киевское "Динамо" хотят приобрести Измайлова Марат Измайлов: "Думаю только о "Спортинге" и переговоров ни с кем не веду" Марат Измайлов: "Сегодня не вижу смысла в переходе в ПСЖ"
По добрите две сезони, во сезоната 2009-2010, физичките проблеми на Измајлов повторно се појавиле, и тој минал повеќе од три месеци надвор од терените поради повреда на коленото.Izmaylov to miss Sporting qualifiers UEFA, 14 July 2009. Повредите продолжиле да го измачуваат и во следните години, така што тој одиграл помалку од 40 натпревари вкупно во последните три сезони во клубот. Дресот на Спортинг го носел до 2013 година, со вкупно 142 одиграни натпревари и 20 постигнати гола.
Порто и Габала
На 7 јануари 2013 година, откако ги поминал соодветните медицински прегледи, Измајлов му се приклучил на Порто со договор од две и пол години, додека Мигел Лопеш се преселил во спротивната насока.Izmaylov and Miguel Lopes switch clubs, but who stands to benefit from the deal? ; PortuGOAL, 8 January 2013 На 19 јануари 2013, во својот втор натпревар со Порто, Измајлов го постигнал својот прв гол за клубот, запечатувајќи ја победата над Пасош де Фереира на домашен терен со 2-0.Porto squeeze past resilient Paços ; PortuGOAL, 19 January 2013
Откако во сезоната 2013-2014 не одиграл ниту еден натпревар за Порто, минувајќи четири месеци во неговата земја поради семејни причини, на 31 јануари 2014, Измајлов заминал на позајмица до крајот на сезоната во азербејџанскиот клуб Габала. Своето деби за клубот кој од клупата го водел Јури Семин, неговиот поранешен тренер од Локомотив Москва, Измајлов го имал на 8 февруари во натпревар од првенството против Карабах, загубен на домашен терен со 0-1. Сезоната ја завршил со 14 настапи и еден постигнат гол (во победата со 3-1 над Баку) во првенството.
Тој, исто така, постигнал гол во финалето на Купот на Азербејџан против Нефчи, но бил еден од трите играчи на Габала кој промашиле во пенал-рулетот што резултитало со пораз за тимот од 3-2.
Краснодар thumb|left|Измајлов со Краснодар во 2015. На 16 јули 2014, се вратил во својата татковина приклучувајќи му се на Краснодар, на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната. Својот прв гол во рускиот фудбал по седум години, Измајлов го постигнал на 14 август 2014 година, отворајќи го резултатот во победата од 4–0 на над Спартак Москва.
Измајлов одиграл 31 натпревар и постигнал еден гол во сите натпреварувања за Краснодар во сезоната 2014-2015, но рускиот клуб сепак одлучил да не го задржи иако неговиот договор со Порто истекол во јули 2015. По една година без фудбал, на 20 јули 2016, тогаш веќе 33-годишниот Измајлов се вратил во Краснодар потпишувајќи едногодишен договор.
На 15 март 2017, после 11 натпревари и 2 постигнати гола, тој се разделил со клубот со взаемна согласност за раскинување на договорот.
Арарат Москва На 9 јуни 2017 година, Измајлов се приклучил на клубот Втората лига (трето ниво), Арарат Москва, каде што играл заедно со поранешните руски репрезентативци Роман Павлјученко и Алексеј Ребко. На 26 септември, неговиот договор со клубот бил раскинат, а не долго потоа ја заршил својата играчка кариера.
Репрезентативна кариера thumb|upright|Измајлов на тренинг со руската репрезентација во 2012 Своето деби за руската репрезентација, Измајлов го направил на само 19 години, влегувајќи како замена на местото на Егор Титов во пријателскиот натпревар против Грција (0-0) одигран на 15 август 2001.
Повикан од селекторите Олег Романцев и Георги Јарцев, тој бил дел од составот на репрезентацијата на Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004, играјќи по два натпревари и на двата турнири, на кој Русија не успеала да ја мине групната фаза. Откако по пауза од шест години, во мај 2012 бил повикан повторно во репрезентацијата од селекторот Дик Адвокат и настапил во пријателските натпревари против и , Измајлов се нашол во тимот на Русија кој настапил на Европското првенство 2012; таму одиграл два натпревари влегувајќи како замена, против домаќинот (1-1), и во поразот со 1-0 од Грција, резултат кој и покрај четирите освоени бода не и дозволил на Русија да ја мине групата.
Вкупно за репрезентацијата одиграл 35 натпревари и постигнал 2 гола, првиот против (4-0), а вториот во успехот со 5-1 над , и двата во квалификациите за Светското првенство 2006.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 септември 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2001 Локомотив Москва 1Л 29 6 КР 3 0 - - - - - - 32 6 2002 1Л 14 2 КР 0 0 ЛШ+КУ 82 настапи во квалификациските кола.+2 21 гол во квалификациските кола.+1 - 0 0 16 1 2003 1Л 27 5 КР 1 0 ЛШ 4 0 СР 1 0 33 5 2004 1Л 18 2 КР 3 1 ЛШ 8 1 - - - 29 3 2005 1Л 16 4 КР 1 1 - - - СР 1 0 18 5 2006 1Л 16 1 КР 0 0 ЛШ+КУ 11 настап во квалификациските кола.+6 0 - - - 23 1 2007 1Л 4 0 КР 2 0 КУ 2 0 - - - 8 0Вкупно Локомотив Москва 124 20 10 2 31 4 2 0 167 26 2007-2008 Спортинг Лисабон ПЛ 23 4 КП+ЛКП 5+7 1+2 ЛШ+КУ 6+5 0 СП 1 1 47 8 2008-2009 ПЛ 22 3 КП+ЛКП 2+4 0+1 ЛШ 6 0 СП 1 0 35 4 2009-2010 ПЛ 13 1 КП+ЛКП 2+3 1+0 ЛЕ 5 0 - - - 23 2 2010-2011 ПЛ 3 0 КП+ЛКП 0 0 ЛЕ 0 0 - - - 3 0 2011-2012 ПЛ 13 5 КП+ЛКП 1+2 0 ЛЕ 9 1 - - - 25 6 2012-јан. 2013 ПЛ 7 0 КП+ЛКП 0 0 ЛЕ 2 0 - - - 9 0Вкупно Спортинг Лисабон 81 13 26 5 33 1 2 1 142 20јан.-јун. 2013 ПЛ 13 1 КП+ЛКП 0+1 0 ЛШ 1 0 - - - 15 12013-јан. 2014 ПЛ 0 0 КП+ЛКП 0 0 ЛШ 1 0 СП 0 0 1 0Вкупно Порто 13 1 1 0 2 0 0 0 16 1 јан.-јун. 2014 Габала ПЛ 14 1 КА 4 1 - - - - - - 18 2 2014-2015 Краснодар ПЛ 22 1 КР 1 0 ЛЕ 83 настапи во квалификациските кола. 0 - 0 0 31 1 2016-2017 ПЛ 7 1 КР 1 1 ЛЕ 3 0 - 0 0 11 2Вкупно Краснодар 29 2 2 1 11 0 0 0 42 3 2017-2018 Арарат Москва 2Л 4 2 - - - - - - - - - 4 2Вкупно во кариерата 265 39 43 9 77 5 4 1 389 54
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Русија200140200260200350200451200581200630201240Вкупно352
Титули Клупски Локомотив Москва Руско првенство : 2 2002, 2004 Куп на Русија : 2 2000-2001, 2006-2007 Суперкуп на Русија : 2 2003, 2005
Спортинг Лисабон 10px Куп на Португалија : 1 2007-2008 Суперкуп на Португалија : 2 2007, 2008
Порто Примеира лига : 1 2012-2013
Поединечни Најдобар млад фудбалер во Руското првенство: 2001
Наводи
Надворешни врски
Марат Измајлов на soccerway Марат Измајлов на transfermarkt Марат Измајлов на espn Марат Измајлов whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Руски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Габала Категорија:Фудбалери на ФК Краснодар Категорија:Родени во 1982 година