Новела ( — новост) — специфичен вид расказ што се одликува со концентрирано дејство, мал број ликови и нагласен, честопати неочекуван пресврт на крајот.
Според Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик, новелата е средно по големина литературно прозно дело, односно проширен расказ. Таа зазема место помеѓу класичниот краток расказ и подолгата епска форма позната како повест.
Историја Жанрот настанал во времето на раната ренесанса. За негов татко се смета Џовани Бокачо, кој во збирката „Декамерон“ воспоставил канони за тоа како треба да изгледа една новела: јасна структура, економичност во изразот и силна поента.
Поврзано Расказ Повест Роман
Наводи
Категорија:Книжевни жанрови