Авле (, Авлес) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 236 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено околу 4 км западно од Серфиџе, на левата страна на реката Фармаки, во подножјето на планината Бурсана, на надморска височина од 360 м.
Историја
Во Отоманското Царство Неговото население уште од порано има грчко потекло.
Во XIX век Авле било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Авлес (Αυλαίς) живееле 120 Грци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 180 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 146 лица.
Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1922 г. во селото се населиле 30 семејства (вкупно 109 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1928 г. Авле е заведено со 295 жители или според други податоци, тоа претставувало чисто бегалска населба.
Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11 квадратни километри. Општината Авле била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Авле, во кој е единствено село.
Наводи
Категорија:Серфиџе