Трудово кооперативно земјоделско стопанство () позната по акронимот ТКЗС била земјоделска задруга по советски модел во Народна Република Бугарија.

Првите ТКЗС-та првично и по план биле доброволно создадени, но масовната колективизација на земјиштето честопати довела до насилни мерки за социјализација на имотот на голем дел од руралните сопственици - особено на најбогатите. Соработката на земјоделците во различни профили на земјоделско производство и продажба на производството до 1944 година се развивала според принципи и структура што одговараат на оние во другите земји во Европа. Дотогаш, Бугарија била на второ место во светот во однос на развојот на задругарското движење по ДанскаНов кооперативен сборник, 1994 со потрошувачко-кредитни, штедни и земјоделски задруги создадени главно по Првата светска војна. Земјоделските производители стануваат членови и се обединуваат во задруги по индустрии, учествувајќи со акционерски капитал или членарини за да ги постигнат целите на овие доброволни здруженија - заемна помош, унифицирана политика на цени, иновации и комерцијална структура за продажба на произведениот производ. Управните тела се избираат и се одговорни за своите активности пред сите членови на задругата.

Историја

После државнио удар на 9 септември 1944 година поетапно Бугарската комунистичка партија ги елеминирала останатите политички партии во државата и започнала наметнувањето на комунистичката идеологија според која „приватната сопственост раѓа капитализам секојдневно, секој час, минута по минута“. Реструктуирањето на приватната земјоделска сопственост и одземањето ѝ од селаните бил процес што започнал со Петтиот конгрес на Бугарската комунистичка партија во 1948 година. Големата социјална и политичка разновидност во бугарските села значела дека мнозинството од населението во Бугарија не било поврзано со социјализмот. За да се избегне политички конфликт и отпор кон политиките на Бугарската комунистичка партија била преземена забрзана „реконструкција“ на земјоделството, вклучувајќи:Фол, Гюзелев, Генчев, 1981

Брза колективизација на селаните, без национализација на земјата; Обединување на фрагментираните земјоделски површини и зголемување на агротехничките мерки за поголемо земјоделско производство; Механизација на земјоделскиот труд.

За да се надмине кризата во земјоделското производство во 1969 година, на Септемврискиот пленум на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија, била донесена одлука за повторно обединување на ТКЗС, движејќи се кон создавање агроиндустриски комплекси (АИК). Се очекувало дека концентрацијата на ресурси и специјализацијата ќе доведат до стабилна економија во селата. Идејата за ова ново, поголемо обединување имало противници дури и во редовите на Бугарската комунистичка партија. Меѓу нив бил и Иван Тодоров-Горуња. Како специјалист кој добро ги познавал проблемите на селото, тој се спротивставил на создавањето на АИК и на авторитаризмот на Тодор Живков. Горуња верувал дека оваа мерка ќе ги отуѓи луѓето од руралната работна сила, ќе ги уништи малите фарми и села.

Според историчарот Михаил Груев, создавањето на ТКЗС ја потврдило и зајакнало релативната толеранција во бугарското општество кон кражбите на јавниот имот, што било забележано во претходните периоди. Првично перцепиран како средство на државата да го заплени имотот на луѓето, ТКЗС наскоро почнал да се перцепира од некои како место на масовни кражби, честопати оправдани со присилната колективизација. Ваквите кражби биле толку распространети што станале значаен дел од приходите на некои работници на ТКЗС и важна мотивација за работа таму.

По демократските промени во Бугарија во 1990-тите ТКЗС-тата беа ликвидирани, а земјоделското земјиште им беше вратено на сопствениците во рамките на реалните граници.

Наводи

Библиографија

Нов кооперативен сборник. Кн. 1. Социалдемокрацията и кооперативното движение. София, БалБок, 1994

Поврзано Колективизација

Категорија:Земјоделска политика