Министерство за екологија и природни ресурси на Република Азербејџан () — владин орган во рамките на Кабинетот на Азербејџан задолжен за регулирање на активностите поврзани со екологијата, заштитата на животната средина и користењето на природните ресурси на Азербејџан.
Историја Министерството за екологија и природни ресурси на Азербејџан е основано на 23 мај 2001 година според претседателската уредба на претседателот Хејдар Алиев бр. 485 во согласност со структурните реформи во рамките на азербејџанската влада. Тековните дејности на министерството се спроведувале, понекогаш удвоени од неколку владини органи како што биле Државниот комитет за набљудување на екологијата и користењето на природните ресурси, сојузот Азермеше (одговорен за шумарството), Државниот комитет за геологија и минерални ресурси, Државниот концерн Азербалик (одговорен а за рибарската индустрија), Државниот комитет за хидрометеорологија, а нивните регулативи беа децентрализирани. Уредбата ги укинала сите овие органи и ги централизирала владините регулативи и активности со нивно заменување со новото министерство.
Според уредбата бр. 548, потпишана од претседателот Хејдар Алиев на 18 септември 2001 година, бил одобрен „статут“ поврзан со Министерството за екологија и природни ресурси.
Секоја година, на 23 мај, вработените во Министерството го слават својот празник на струката. Овој ден е прогласен за неработен ден за вработените според уредбата потпишана од Илхам Алиев на 16 мај 2007 година.
Структура Апаратот на Министерството за екологија и природни ресурси на Република Азербејџан (одделенија и сектори). Оддел за заштита на животната средина. Оддел за развој на шумарството. Национален оддел за мониторинг на животната средина. Оддел за зачувување и заштита на биолошката разновидност во водите. Оддел за зачувување на биолошката разновидност и развој на посебно заштитени подрачја. Национален хидрометеоролошки оддел. Оддел за екологија и природни ресурси на градот Баку. Државен експертски оддел. Оддел за Касписко интегрирано следење на животната средина. Обласни тела и месни оддели на Министерството за екологија и природни ресурси на Република Азербејџан.
Поврзано Кабинет на Азербејџан Национални паркови на Азербејџан Државни резервати на Азербејџан Список на заштитени подрачја на Азербејџан
Наводи
Категорија:Министерства за природни ресурси Категорија:Министерства на Азербејџан