Министерството за транспорт на Република Азербејџан () — поранешен владин орган во рамките на Кабинетот на Азербејџан задолжен за регулирање на транспортниот сектор во Азербејџан. Министерството било предводено Зија Мамедов до 13 февруари 2017 година, кога министерството било реформирано во Министерство за транспорт, врски и високи технологии.
Историја Министерството било основано на 5 август 1998 година со Претседателски декрет бр. 743. Статутот на министерството било одобрен од претседателот Хејдар Алиев на 10 јуни 2003 година. Според статутот на министерството, тоа било одговорно за организирање и спроведување на државните политики во секторот за државен железнички, воден, воздушен и автомобилски транспорт. На 13 февруари 2017 година, министерството било апсорбирано во новоформираното Министерство за транспорт, врски и високи технологии.
Структура Министерството било предводено од министерот за транспорт, со помош од двајца заменик министри. Неговите главни функции биле регулирање на активностите во транспортниот сектор на Азербејџан, што се состоел од транспортни активности на државниот железнички, воден, автомобилски и воздушен пат; бродски и експедициски активности; дизајнирање, проектирање и изградба на патишта, поправки и одржување на патишта; техничко одржување на хидротехничка опрема во поморскиот транспорт; подготовка на човечки ресурси и спроведување на научни истражувања; соработка со министерствата за транспорт во други земји за заеднички проекти.
Поврзано
Кабинет на Азербејџан Сообраќај во Азербејџан
Наводи
Категорија:Министерства на Азербејџан Категорија:Поранешни министерства Категорија:Министерства за транспорт