Љубимир Тошев (, ) — македонски раскажувач, полемичар и есеист.

Животопис Тошев е роден на 19 јануари 1952 година во Скопје. Основно и средно училиште, гимназијата „Јосип Броз Тито“, завршил во Скопје. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што во 1979 година дипломирал на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Од 1983, па сѐ до своето пензионирање во јануари 2019 година, тој работел како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Творештво Автор е на книгите: Чистење чевли. Скопје: Штрк, 1999. Светењето на рефлекторите. Скопје: Штрк, 2002. Песните на Mајорот Kрал Aлександровски. Скопје: Штрк, 2007.

Наводи

Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски библиотекари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски библиотекари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“