Банши () — американска акциона ТВ-серија создадена од Џонатан Тропер и Дејвид Шиклер. Се прикажувала на каналот Cinemax во текот на четири сезони, од 11 јануари 2013 г. до 20 мај 2016 г., и вкупно се состои од 38 епизоди. Дејството на серијата се одвива во малото, измислено гратче Банши, во земјата на Амишите во Пенсилванија. Главниот лик е поранешен затвореник (Ентони Стар), кој ја краде личноста на убиениот шериф на гратчето, Лукас Худ, за да се скрие од моќниот криминален шеф Ребит (Бен Крос). Наметнувајќи своја сопствена правда, Худ се обидува да се помири со својата поранешна љубовница, ќерката на Ребит, Анастасија (Ивана Миличевиќ). Таа, исто така, живее под лажна личност, се омажила и основала семејство додека Худ бил во затвор. Худ се бори да се прилагоди на улогата на шериф, додека истовремено продолжува да се занимава со злосторништво заедно со своите соработници Џоб (Хун Ли) и Шугар (Френки Фејсон). Тој влегува и во судир со шефот на злосторничкото подземје во Банши, Кај Проктор (Улрих Томсен).

Серијата била развиена како дел од програмата на Cinemax за создавање оригинална содржина. Втората сезона, која се состоела од десет епизоди, дебитирала во јануари 2014 г. Истиот месец, Банши била продолжена за трета сезона, чија премиера се одржала во јануари 2015 г. Во февруари 2015 г., серијата била продолжена за четврта, последна сезона, која се состои од осум епизоди. Последната епизода се прикажувала на 20 мај 2016 г.

Серијата се прикажувала и во Македонија на HBO Max со македонски превод.

Содржина Маж, чие име не се споменува (Ентони Стар), излегува од затвор, каде што ги поминал последните 15 години поради кражба на дијаманти вредни 15 милиони долари од шефот на украинската мафија со прекар Ребит (Бен Крос). Дијамантите всушност ги зела неговата љубовница и ќерка на главниот мафијаш, Анастасија (Ивана Миличевиќ). Таа избегала од својот татко, зела ново име — Кери, и се крие во гратчето Банши.

Со помош на стариот пријател Џоб (Хун Ли), кој е компјутерски гениј и трансвестит, главниот лик брзо ја наоѓа поранешната љубовница и бара да му ги врати дијамантите. Кери го повикува да си замине, бидејќи се плаши дека преку него татко ѝ ќе ја најде, а нејзиното ново семејство ќе ја дознае непријатната вистина за неа. Таа веќе успеала да се омажи за месниот обвинител Гордон Хоупвел и да роди две деца. Ќерката Дејва е непослушен тинејџер, зачната од претходниот љубовник. Синот има многу болни бели дробови.

Во меѓувреме, во Банши пристигнува Лукас Худ, поканет да биде шериф. Но уште пред да успее да се претстави некому, наркодилери го убиваат во местен бар. Токму тогаш таму бил главниот лик, кој со согласност на шанкерот Шугар (Френки Фејсон) ги зема документите на убиениот, со помош на Џоб ги коригира потребните информации во одредени бази на податоци и станува местен „чувар на законот“.

Важна улога во серијата има описот на начинот на живот и традициите на Амишите, чија населба се наоѓа во близина на Банши. Главниот местен гангстер Кај Проктор (Улрих Томсен) е по потекло токму од нивната заедница. Тој станува главен непријател, но понекогаш и партнер во некои работи на новопечениот шериф. Главни помошници на Проктор се Клеј Бертон (убиец мазохист) и неговата внука Ребека (Лили Симонс) — млада девојка што била избркана од нејзините родители Амиши.

Серијата исто така го прикажува животниот стил во индијански резерват и односот со неонацистите, од кои еден сака да ги исправи „грешките“ направени во неговиот „минат живот“ и се вработува во полициската управа кај Худ.

Улоги

|Ентони Стар |Лукас Худ |- |Ивана Миличевиќ |Анастасија „Ана“ Рабитова / Кери Хоупвел |- |Улрих Томсен |Кај Проктор |- |Френки Фејсон |Шугар Бејтс |- |Хун Ли |Џоб |- |Рас Блеквел |Гордон Хоупвел |- |Рајан Шејн |Дејва Хоупвел |- |Мет Сервито |Брок Лотус |- |Деметриус Грос |Емет Јонерс |- |Триесте Кели Дан |Шивон Кели |- |Ческеј Спенсер |Били Рејвен |- |Лили Симонс |Ребека Боумен |- |Бен Крос |Игор „Господин Ребит“ Рабитов |- |Ентони Рујвивар |Александар „Алекс“ Лонгшедоу |- |Џино Сеџерс |Чејтон Литлстоун |- |Метју Раух |Клејтон „Клеј“ Бертон |- |Том Пелфри |Курт Банкер |- |Крис Кој |Калвин Банкер |- |Кејси Лабоу |Меги Банкер |- |Елајза Душку |Вероника Досон |- |Фред Велер |Деклан Боде |- |Ана Ајора |Нина Круз

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__