„Нашите англиски брегови“, позната и како „Заскитани овци“ — слика од Вилијам Холман Хант, масло на платно, завршена во 1852 година. Галеријата Тејт ја поседува од 1946 година, кога ја стекнала преку Фондот за уметност.

Сликар Вилијам Холман Хант бил британски сликар кој, заедно со Данте Габриел Росети и Џон Еверет Миле, бил соосновач на предрафаелитското братство (1848). Предрафаелитското братство се залагало за враќање кон духовноста и искреноста во уметноста и го презирало академското сликарство, кое го сметале за обично повторување на клишеа. И покрај овие верувања, групата создала голем број дела за повисоки образовни институции во Англија. За време на викторијанската ера (1837–1901), конзервативната академска страна била претставена од Кралската академија на уметностите. Меѓу порадикалните опции било движењето „Уметност и занаети“ предводено од Вилијам Морис. Вилијам Холман Хант бил некаде во средината. Иако студирал на Кралската академија на уметностите, тој го отфрлил стилот што го претставувал нејзиниот основач, сер Џошуа Рејнолдс.

Слика Откако Вилијам Бродерип, англиски адвокат и натуралист, ја стекнал сликата на Хант „Наемникот овчар , братучедот на Бродерип, Чарлс Теобалд Мод, нарачал репродукција на сликата со овци во заднината. Сликарот ја убедил Мод да усвои поавантуристичка композиција. И покрај студеното и дождливо време, тој сликал во пленеристично (en plein air) - во природа - помеѓу август и декември 1852 година. Сликата здружува одлики од различни видици, a во ателјето биле додадени пеперуги, вдахновени од природата.

Сликата прикажува стадо овци кои стојат покрај живописниот брег на Сасекс. Живописниот крајолик е насликан на карпите кај Феарлајт Глен, веднаш до заливот Ковхаст во близина на Хејстингс, познат како „Седиштето на вљубените“.

Сликата е насликана во повеќе слоеви, со брилијантни бои, како и многу од сликите на Хант.

Сликата била изложена на Летната изложба на Кралската академија во 1853 година под наслов „Нашите англиски брегови“, но на рамката пишувало „Изгубените овци“ (The Lost Sheep) и подоцна била преименувана во „Заскитани овци“ (Strayed Sheep) кога била изложена на Универзалната изложба во Париз во 1855 година. Во 1946 година била купена од галеријата Тејт преку Уметничкиот фонд.

На критичарите од тоа време помаl впечаток им оставила симболиката на сликата отколку од обработката на светлината.

На 30 јули 2019 година, кога британскиот премиер Борис Џонсон го посетил Велс, карикатуристот Стив Бел направил пародија сликата во весникот „Гардијан“.

Наводи

Надворешни врски Our English Coasts, 1852 (`Strayed Sheep') at Smarthistory

Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант Категорија:Уметничкки слики од 1852 година