Мариовска Околија ― поранешна околија во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947.

Историја Мариовската Околија била основана во 1945 година. Таа била дел од Битолскиот Округ и седиште на околијата било во Маково. Нејзини составни месни народни одбори (општини) биле Бешиште, Брник, Будимирци, Вепрчани, Витолиште, Градешница, Дуње, Кален, Крушевица, Маково, Мојно, Старавина и Чаниште. Во 1947 година, според новата административна поделба, Мариовската Околија била укината на сметка на соседните и проширени Битолска Околија и Прилепска Околија.

Наводи