Санмартиновата заоблена сабја — историско оружје што го користел Хозе де Сан Мартин.

Историја мини|267x267пкс|Реплика на заоблената сабја, која се чува во музеј во Мендоса. Сан Мартин ја стекнал заоблената сабја за време на неговиот престој во Лондон, кратко откако ја напуштил Шпанија и пред да се упати кон Јужна Америка. Подоцна, Сан Мартин ја вооружал својата коњаничка единица гренадири со слично оружје, кое го сметал за идеално за коњанички напади.

По повлекувањето на Сан Мартин во Европа, по Гвајакилската средба, оружјето останало во градот Мендоса во рацете на семеен пријател. Во последователно писмо, неговиот зет, Маријано Балкарсе, бил замолен да му ја испрати сабјата во Европа, и таа останала во негова сопственост сè до неговата смрт на 17 август 1850 година.

Пред да неговата смрт, Сан Мартин му ја подарил својата сабја на гувернерот Хуан Мануел де Росас. Маријано Балкарсе го напишал следново за да ја соопшти веста.

Росас, пак, му ја оставил сабјата на својот пријател Хуан Непомучено Тереро, а по неговата смрт на неговата сопруга, а потоа на нивните синови и ќерка по редослед на возраст. Така, сабјата преминала во сопственост на Максимо Тереро и Мануела Росас по смртта на Росас, бидејќи Хуан Тереро починал претходно.

Во 1896 година, Адолфо Каранца, директор на Националниот историски музеј, побарал од нив да ја донираат Санмартиновата сабја на што тие се согласиле. Таа била вратен од Лондон во Буенос Аирес, пристигнувајќи на 4 март 1897 година за да се чува во Националниот историски музеј.

Кражба Сабјата останала таму до 2 август 1963 година, кога била украдена од членови на Перонистичката младина. Неколку дена подоцна била пронајдена и привремено во сопственост на коњаничкот гренадирски полк, сè до нејзинито враќање во музејот.

Сабјата повторно била украдена на 19 август 1965 година и повторно вратена неколку дена подоцна. Во тоа време, на полкот му било доделено конечно старателство, а сабјата била сместена во заштитено газебо изградено за таа цел, донирано од градот Буенос Аирес. Заоблената сабја останала таму оттогаш.

Белешки 1.Оригиналниот цитат на шпански јазик: "Como albacea suyo, y en cumplimiento a su última voluntad me toca el penoso deber de comunicar a V.E. esta dolorosa noticia, y la honra de poner en conocimiento de V.E. la siguiente cláusula de su testamento: "3ro El sable que me ha acompañado en toda la guerra de la Independencia de la América del Sur le será entregado al General de la República Argentina, Don Juan Manuel de Rosas, como una prueba de la satisfacción que como argentino he tenido al ver la firmeza con que ha sostenido el honor de la República contra las injustas pretensiones de los extranjeros que tentaban de humillarla"

Наводи

Историја на заоблената сабја од Сан Мартин Категорија:Сабји Категорија:Оружје на Аргентина Категорија:Хосе де Сан Мартин