десно|мини| Анимација на распрснување на шрапнел десно|мини| Функционирање на експлозијата Шрапнел или шрапнела — вид артилериско зрно за гаѓање на жива сила и авиони.

Историја Шрапнелот го измислил британскиот генерал Хенри Шрапнел () во 1784 година, по кого е именуван во 1852 година (дотогаш во Велика Британија се викал или сферичен картеч. Првпат бил употребен во 1804 година.

Општи одлики Зрното содржи многу железни или оловни куглички и фитил кој може да се дотера (темпира) да експлодира на одредена висина во воздухот, пред целта. Зрнцата летаат во облик на инка чија должина е поголема од нејзината ширина. Во последно време, шрапнелите се заменети со темпирана граната.

Наводи

Литература Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски институт, том 8, стр. 53, Загреб 1982

Категорија:Муниција