Месен народен одбор Вепрчани ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја Месниот народен одбор Вепрчани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Вепрчани и Гуѓаково. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Вепрчани не претрпел територијални промени. МНО Вепрчани тогаш припаѓал во Прилепската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Вепрчани бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Дуње кој го добил селото Вепрчани, додека проширениот МНО Царевиќ го добил Гуѓаково.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Вепрчани имал 510 жители, односно вкупното население на Вепрчани и Гуѓаково. Од таа бројка, сите биле Македонци.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Вепрчани Вепрчани Вепрчани Категорија:Мариовска Околија Категорија:Прилепска Околија