Снежника ( „снежна дамка“) — ледниче на Пирин Планина во Бугарија, остаток од поранешниот Вихренски Ледник. Ледничето се наоѓа на надморска височина помеѓу 2.425 и 2.480 м во длабокиот цирк Казаните на стрмното северно подножје на Вихрен (2.914 м), највисокиот врв на Пирин. Поради донекаде лесниот пристап и местоположбата покрај популарната планинарска патека, Снежника е најпознатиот ледник во Бугарија. Снежника има просечна површина од 0,01 квадратен километарGrunewald, p. 129. и во 2006 година имал зафатнина од 30.000 кубни метри.

Големината на Снежника се менува од 70 до 100 метри (од запад кон исток) во должина и од 40 до 90 метри (од север кон југ) во ширина. Нејзиниот фирн е дебел 8–11 метри во основата, а снежната покривка, која главно се напојува од лавински снег, може да достигне длабочина и до 20 метри во март и април. Со географска ширина од 41°46′ 09″ N Снежника е најјужната ледничка маса во Европа. Блискиот ледник Бански Суходол под Кончето, иако поголем, е малку посеверен. лево|мини|Снежника во јули 2007 година Снежника лежи во вдлабнатина свртена кон исток, веднаш до речиси вертикалниот северен ѕид на Вихрен и е опкружена од три страни со морени или остатоци од карпи слични на морени. Северниот ѕид на Вихрен ја снабдува Снежника со лавински снег. Силната сенка на високиот вертикален ѕид и високото албедо од неговиот бел мермер, како и карстифицираното дно на вдлабнатината, обезбедуваат соодветни услови за ледење.

Снежника непрекинато постои барем од малото ледено доба, кога веројатно достигнала максимална површина од 0,93 хектари, а нејзината возраст се проценува на повеќе од 500 години. Иако нејзината големина значително се менува од година во година, таа останала сразмерно стабилна од средината на 20 до 21 век, и покрај ниските врнежи и сразмерно високата и растечка годишна средна температура. Снежника покажува помала променливост во големината од ледниците и ледничињата во Албанија (под Маја Језерце) и Црна Гора (Дебели Намет), кои се наоѓаат на пониска надморска височина и се потпираат на пообилни врнежи. Инаку, Снежника има многу споредлива топографија со нив и со ледникот Калдероне на Апенините.

Присуството на повеќегодишен снег во Пирин е документирано уште од 1920-тите. Првата длабинска студија за Снежника потекнува од 1957–61 година и ја спровел Владимир Попов од Институтот за географија при Бугарската академија на науките. Понатамошни истражувања биле спроведени од тим предводен од Карстен Груневалд од Центарот за истражување на предели во Дрезден, Германија, од 1994 до 2007 година.

Наводи

Литература

Категорија:Пирин Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Ледници во Бугарија