Да зборуваме: македонско-англиско-француски — илустриран македонско-англиско-француски речник за млади. Автор на речникот е Славомир Маринковиќ, а го издала издавачката куќа Детска радост во 1991 година како дел од Библиотеката „Видра“, издание „Македонски илустрирани речници“.

Содржина Вкупната речничка материја во речникот е поделена според области замислени да понудат едно глобално опфаќање на човековиот живот (, ) и на голем број негови активности. Се почнува со положбата на човекот во вселената и на планетата (астрономија, географија), потоа се преминува на неговата непосредна околина (клима, растителен свет, животинско царство, архитектура) и се доаѓа до неговото живеалиште – станот: дневна, спална, бања, кујна, апарати. Понатаму обработени се храната, здравјето, образованието, модата и струките како самиот човек (семејство, тело, глава, органи). Комуникациите меѓу луѓето се претставени преку сообраќајот, броевите, општите и научните симболи, печатот, телевизијата, туризмот и стрипски предадениот бонтон. Се заокружува со уметностите (книжевност, драма, опера, балет, сликарство, вајарство, музика, филм) и шахот и спортот каде се претставени популарни и пошироко застапени спортови кај нас и во светот (, ).

Поврзано Од збор до збор: толковен речник Како да кажам: речник на македонски изрази и фрази

Наводи

Категорија:Македонски јазик Категорија:Тријазични речници Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Книги од 1991 година