ФК Аугсбург е германски фудбалски клуб од градот Аугсбург, Баварија. Моментално се натпреварува во Прва Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал. Тимот е основан како Фудбал-Клуб Алеманија Аугсбург во 1907 година, а потоа настапувал под името БК Аугсбург од 1921 до 1969 година. Тој е најголемиот фудбалски клуб во Швапска баварија.

Најголемиот дел од својата историја, клубот ја поминал помеѓу второто и третото ниво на германскиот фудбал, а најразочарувачките денови ги преживеал во раните 2000-ти кога две сезони играле во четвртата дивизија. Сепак, по тој неуспехот, клубот доживеал голем прогрес во следните години за на крајот да стигне и до Бундеслигата, за првпат во неговата историја во 2011 година, каде што и останал оттогаш до денес. Аугсбург го консолидирал својот статус на прволигаш во 2010-тите, завршувајќи на највисокото за нив во историјата петто место во сезоната 2014-2015, што им дало право на учество во Европските натпреварувања за првпат во клупската историја. Европското деби го направиле во УЕФА Лига Европа во сезоната 2015-2016, каде што клубот стигнал до 1/16 финалето пред да биде елиминиран од Ливерпул со вкупен резултат 1-0.

Од 2009 година, својте домашни натпревари клубот ги игра на Аугсбург Арена, која е со капацитет од 30,660 седечки места. Боите на клубот се црвена, зелена и бела што можат да се најдат и на дресовите и шорцевите на клубот, додека амблемот е сличен на оној на градот Аугсбург.

Стадион

Играчи Моментален состав thumb|400px|right|Фудбалерите на Аугсбург (бели дресови) во натпревар од Бундеслигата против во ноември 2012

Титули и достигнувања Национални натпреварувања Регионална лига Југ : 2 1973-1974, 2005-2006

Регионални натпреварувања Оберлига Бајерн : 5 1972-1973, 1979-1980, 1981-1982, 1993-1994, 2001-2002

Швабен куп : 10 1969–1972, 1980, 1986, 1988, 1993, 1996, 1999, 2002, 2004, 2005

Младински натпреварувања Бундеслига под 19 : 1 1992-1993

Куп на Германија за јуниори : 4 1990-1991, 1991-1992, 1993-1994, 1994-1995

Други достигнувања Највисок пласман во Прва Бундеслига : 5. место 2014-2015 Најдобар пласман во Купот на Германија : полуфинале 2009-2010

Надворешни врски Официјална страна на клубот

Аугсбург

Категорија:Аугсбург