мини|346x346пкс|Насловна страница на Нови лисја (1880) Нови лисја (галисиски: Follas Novas) — збирка на поезија што се состои од пет книги од галисиската писателка Розалија де Кастро, која била објавена во 1880 година. Тоа е нејзината втора и последна збирка на галисиски јазик. Поголемиот дел од песните биле напишани во текот на 1869-1870 година, кога семејството живеело во Симанкас, но збирката вклучува и литературни дела од 1870-тите, од кои дел веќе биле објавени во весници.Follas Novas El Libro Total. Оваа книга се смета за едно од фундаменталните дела на галисиската литература, кое го предизвикало галисиската народна преродба наречена „Реџурдименто“.Hooper, p. 18.
Збирката „Нови лисја“ се смета за врв на кариерата на Кастро. Покрај романтичната поезија, содржи и социјални коментари за улогата на жените и галисиската емиграција од економски причини. Последната книга од збирката, Вдовици на живите и вдовици на мртвите е за жени чии сопрузи ја напуштиле земјата од економски причини. Во предговорот, Кастро објаснува дека објавувањето и дистрибуцијата на збирката била поддржана од галисиската заедница во Куба.Hooper, p. 19.
Наводи
Литература
: Кирсти Хупер: Пишувајќи ја Галиција во светот: Нови картографии, Нова поетика, стр. 150. Ливерпул Универзити Прес, 2011. Категорија:Книги од 1880 година Категорија:Шпански книги Категорија:Шпанска поезија Категорија:Галисиска книжевност