мини|Пример за машинима Машинима () — вид видео, создадено врз основа на играчки погон, како и технологија за создавање на такви видеа. Машиними можат да создаваат корисници на домашни лични сметачи што не владеат со вештини за работа во програми за анимација, користејќи ги само можностите на играчкиот погон. Машинимата може да користи и тримерна и двомерна графика.
Името се дешифрира како добиено од зборовите machine — машина, и cinema — кино, или од machine — машина, и animation — анимација, што значи „машинско кино“ или „машинска анимација“.
Творците на машиними се нарекуваат машинимисти (англ. machinimists) или машиниматори (англ. machinimators).
Историја За прототип на машинимата понекогаш се сметаат рекламните воведни прикази на аркадните автомати, каде што играта се „играла“ без учество на човек.
Во играта Stunt Island од 1992 г., постоела можност да се поставуваат виртуелни камери, а добиената снимка да се уредува и да се додаваат специјални ефекти. Масовното создавање машинима започнало со излегувањето на пукачката игра Doom во 1993 г. Благодарение на одвојувањето на играчкиот погон од неговите ресурси, играчите можеле да конструираат нивоа по сопствена желба. Управувањето со дејствата на компјутерските ликови со помош на скрипти овозможило чудовиштата и ликовите да се претворат во виртуелни глумци. Doom II веќе дозволувал да се снима процесот на преигрување, а потоа да им се покаже на други корисници.
По излегувањето на играта Quake, видеата создадени на ист начин го добиле името Quake Movies. Поради популарноста на брзите преигрувања (англ. speedruns) на оваа видеоигра, играчите почнале да се натпреваруваат во нивната исклучителност. Пример за тоа е Quake Done Quick with a Vengeance, кое можело да се воспроизведе доколку Quake е достапен на сметачот. Подоцна се прошириле видеа што можеле да се воспрозведат во видеоплеер, а не преку самата игра.
Се смета дека поимот „машинима“ за првпат е воведен во 2000 г. Го вовел Хју Хенкок, основач на компанијата Strange Company и на веб-страницата machinima.com, посветена на овој вид видеа.
На 1 април 2003 г. се случило излегувањето на една од најпознатите машиними: Црвени против сини (англ. Red vs Blue) од студиото Rooster Teeth Production, што му донело голема популарност. Новите серии продолжиле да излегуваат повеќе од 18 години потоа.
Во 2005 г. излегла играта The Movies, каде што играчот настапувал во улога на сопственик на филмска компанија. Таа овозможувала создавање филмови од различни жанрови со достапни глумци и украси. Две години подоцна, во 2007 г., била создадена машинима со времетраење на долгометражен филм — Tales of the past III, заснована на World of Warcraft, со времетраење од 88 минути.
Во 2012 г., Valve ја издал програмата Source Filmmaker на погонот Source, која не само што им овозможувало на корисниците да ги користат ресурсите на игрите Team Fortress 2, Left 4 Dead 2, Half-Life 2 и други, туку и да ги прошират можностите на нивниот погон. Така, на пример, можеле да се задаваат непредвидени во играта изрази на лицето. Друг популарен инструмент од истата компанија е Garry's Mod, кој овозможува манипулирање со објекти и експериментирање со физиката.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмски и видео поими Категорија:Сметачка анимација Категорија:Видеоигрена култура __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__