„Заорок“ — збирка со песни и раскази за деца на Христина Аслимоска од 2001 година.
Содржина Книгата содржи 23 песни:Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001. Куќата моја Мојот град Моето училиште Книго моја Годишни времиња Пролет Развигорче Цвет Букет Славејче Распеано штурче Есен Облаче Овошје Грозје Дренка Нова година Панделка Родители Мојот брат Волшебна слика За тажните деца For the sad children
Технички податоци Книгата е објавена од издавачката куќа Македонски духовни конаци во рамките на едицијата „Искри“. Ликовното уредување е дело на Владо Јоциќ, а автор на илустрациите е Христина Аслимоска. Книгата, со димензии од 36 страници, е испечатена во печатницата „Графомак“ во Кичево, во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-874-06-9.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 36.
За делото Во својот осврт кон делото, професорот Јордан Спасески истакнува дека младата поетеса наоѓа убави и топли зборови за сите нешта што ја опкружуваат, украсувајќи ги луѓето и предметите за кои пишува со зборовите од најубавиот јазик во светот — македонскиот.Јордан Спасески, „Кон Заорок, во: Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 32. Светлана Христова-Јоциќ ја пофалува спонтаноста и индивиуалноста на авторката во нејзините први чекори во поетската земја, како и свежината на нејзините стихови.Светлана Христова - Јоциќ, „Збор-Заорок или за првите песни на Христина Аслимоска во Заорок, 2001 г.“, во: Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 33-34.
Наводи
Категорија:Дела на Христина Аслимоска Категорија:Македонски дела од 2001 година Категорија:Појавено во 2001 година во Македонија Категорија:Книги од 2001 година Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Македонски раскази Категорија:Изданија на Македонски духовни конаци Категорија:Стихозбирки за деца