мини|Реката и Националниот парк Теодор Рузвелт се појавуваат со Рузвелт на задната страна од 25 центи „Америка Прекрасна“ од 2016 година. Реката Мала Мисури е притока на реката Мисури, долга е 900 км, и тече низ северните Големи Рамнини на Соединетите Американски Држави. Извира во североисточен Вајоминг, во западниот дел на округот Крук, околу 24 км западно од Ѓаволската Кула, тече кон североисток, низ еден агол од југоисточна Монтана и во Јужна Дакота. Во Јужна Дакота, тече кон север низ Бедлендс во Северна Дакота, преминувајќи ги националните пасишта, и сите три единици на Националниот парк Теодор Рузвелт. Во северната единица на паркот, свртува кон исток, и се влева во Мисури во округот Дан кај езерото Сакакавеа, каде што формира 48 км долг крак наречен Мал Мисуриски Залив и се спојува со главниот канал на Мисури околу 40 км североисточно од Килдир.

Високо сезонското истекување од неплодните земјишта и другите бездрвни предели долж Мала Мисури низводно носи големи количества на еродиран седимент. Седиментните слоеви, кои се протегаат од изворите во Вајоминг, па сè до устието во Северна Дакота, варираат по старост, но поголемиот дел од коритата долж реката припаѓаат на формациите Булион Крик и Сентинел Бјут, обете наталожени за време на палеоценот (од пред околу 66 до 56 милиони години). Наслагите вклучуваат силт, глинест камен, песочник и лигнит јаглен, кој се наоѓа во крајбрежната рамнина од време на Ларамидската орогенеза.

Наводи

Надворешни врски

План за река на државата Вајоминг: Река Мала Мисури Патеката Луис и Кларк: Реката Мала Мисури Национална служба за паркови: Сегменти на Северна Дакота Категорија:Национален парк Теодор Рузвелт Категорија:Реки во Вајоминг Категорија:Реки во Јужна Дакота Категорија:Реки во Северна Дакота Категорија:Реки во Монтана Категорија:Координати на Википодатоците