Дончо Златков, роден Андон Златков Томов, познат по псевдонимите Дедо Дончо војвода, Палатски, Арамијата и Пирински цар (Палат, 1865 — Дупница, 2 октомври 1918) — македонски ајдут и револуционер. Учесник во Горноџумајското востание и војвода на Петрич. Деец на Македонскиот комитет и подоцна на Македонски-одринските доброволни чети. Пратеник во Народното собрание на Бугарија.

Животопис Тој е роден во 1865 година во планинското село Палат, Пиринска Македонија. Завршил четврто одделение во Дупница, каде што се преселил неговиот татко. Од 1884 година дејствувал со чета од Пирин и Малешевската планина и првично се занимавал со ајдутство, Како и сите македонски ајдути со својата чета почнува и револуционерни активности. Учествувал во четничката акција на Македонскиот комитет во 1895 година.

Во 1901 година, под влијание на Стојко Бакалов, тој се приклучил на ВМОК, Неговата чета е поддржана со храна, облека и вооружување од Ќустендилското Македонско друштво. Војвода е на чета во Горноџумајското востание во 1902 година.

За време на Илинденското востание во 1903 година дејствува со четата во Серскиот револуционерен округ, а по востанието останал во Петричко и ја продолжил борбата со Турците.

Во текот на Балканската војна во периодот 1912-1913 година, Дончо Војвода бил на чело на доброволната чета № 42, које е дел од Македонско Одринско ополчение, со бројност од 92 четници. Делува во Петричко заедно со четите на Никола Герасимов, Лазар Делев и Тане Николов, Тој се бори во клисурата Рупелско дефиле, Сенокос, Градево и др. Во исто време, четите на Дончо Златков и Јане Сандански влегоа во Солун.

Во 1914 година Златков бил избран за народен пратеник на Петричкиот регион во 17-та Национално собрание од Либералната партија (радослависти). Умира на 2 октомври 1918 година во Дупница.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Починати во 1918 година Категорија:Луѓе од Пиринска Македонија Категорија:Починати во Дупница Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонци од Балканските војни Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Дејци на Македонските братства Категорија:Македонски преселници во Дупница Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Учесници во Мелничкото востание