Мишка () или пазува — дел од човековото тело што се наоѓа под рамото, каде што раката се спојува со трупот.
Опис Мишката е анатомски ограничена од предната страна со големиот граден мускул (Musculus pectoralis major), а од задната страна со широкиот грбен мускул (Musculus latissimus dorsi). Во овој предел се наоѓаат многу потни и лојни жлезди, чии нарушувања на нормалното функционирање можат да доведат до болести како што е хиперхидрозата (прекумерно потење). Освен тоа, во мишката, по правило, со помош на топломер се мери телесната температура.
Местата каде што кожата најголем дел од времето се допира со кожа — мишките и меѓуножјето — кај двата пола од пубертетската возраст се покриени со влакна. Зошто овие влакна се потребни, не е целосно познато; според различни теории, тие служат за спречување на исфрлање на кожата (црвенило), намалување на триењето или зголемување на сексуалноста. Меѓутоа, многу луѓе претпочитаат да ги отстранат влакната под мишките, бидејќи нивното присуство го сметаат за неестетско или нехигиенско. Исто така, познат факт е дека многу луѓе се плашат од скокоткање на мишките.
Наводи
Надворешни врски
Step by step Video dissection of the Human Axilla showing all relevant anatomy 3D animated overview of axillary anatomy (rich media)
Категорија:Анатомија на горните екстремитети __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Анатомија на човекот