Езерото Сев (ерменски: Սև լիճ, романизација: Sev lich; ; обете значат „Сјајно црно езеро“) — езеро што се наоѓа на границата помеѓу Ерменија и Азербејџан. Поделено е помеѓу покраината Сјуник во Ерменија и округот Лачин во Азербејџан, при што најголемиот дел од езерото се наоѓа во Ерменија.
Топографија Езерото се наоѓа источно од планината Мец Ишкханасар на надморска височина од 2,666 метри и има површина од околу 2 км2. Езерото е долго 1,6 км, широко 1.2 км и има максимална длабочина од 7,5 метри. Водата е студена и бистра, а во езерото живеат севански пастрмки. Водата од езерото се користи за наводнување. Се наоѓа веднаш до помало езеро наречено Џанлих или Џинли.
Природен резерват Езерото Сев и околната област е заштитено природно подрачје наречено Природниот резерват на езерото Сев, во покраината Сјуник на источната падина на Мец Ишкханасар. Било повторно отворено во 2001 година на територијата на истоименото заштитено подрачје, создадено во 1987 година. Има површина од 240 хектари. Резерватот е создаден со цел да го зачува екосистемот на езерото Сев.
Граничната криза меѓу Ерменија и Азербејџан во 2021 година Езерото Сев и околината моментално се предмет на гранична криза меѓу Азербејџан и Ерменија. На 12 мај 2021 година, азербејџанските трупи навлегле околу 3,5 км на ерменска територија во близина на езерото и го окупирале блискиот врв Мец Ишкханасар. Иако меѓународната граница меѓу Ерменија и Азербејџан никогаш не била формално обележана, картите од советската ера покажуваат дека поголемиот дел од езерото Сев е на ерменска територија, што значи дека каков било обид езерото да се опколи би претставувал инфилтрирање. Конкретно, картата на Генералштабот на вооружените сили на СССР од 1975 година со број J-38-21 во размер 1:100 000 прикажува дека источниот, западниот и јужниот брег на езерото Сев се сместени на територијата на ерменската ССР, додека само дел од северниот брег на езерото, односно речиси 10% од езерото, се наоѓа во азербејџанската ССР. Исто така, според картата, соседното помало езеро Џанлих (Џинли) е целосно на ерменска територија.
Наводи
Категорија:Меѓународни езера во Азија Категорија:Езера во Азербејџан Категорија:Езера во Ерменија Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Координати на Википодатоците