Гампринер Зеле или Гампринер Зелајн — единственото езеро во Лихтенштајн. Создадено било од поплава на реката Рајна со огромна ерозија во 1927 година. Езерото се наоѓа на 435 метри надморска височина во селото Бендерн - Гамприн.
Гампринер Зеле е опкружен со густа листопадна шума која се состои од растенија како трски, грмушки и дрвја. Езерото било ставено под природна заштита од страна на владата во 1961 година. По отстранувањето на ѓубрето, квалитетот на водата се стабилизирал на ниво Б. Цевковод до близок канал го снабдува езерото со свежа вода и соодветен кислород од 1979 година. Една година подоцна, ракови биле населени во езерото.
Лебеди почнале да се размножуваат во близина на езерото од 1970-тите години. Тие прв пат биле видени во општина во 1972 година во Сегавајхер во Ненделн. Во следните години тие почнале да го населуваат и Гампринер Зеле.
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Лихтенштајн