Голема Фуча, исто така познато како Ѓурне Фуче и Горна Фуџа () — полупланинско село во западна Бугарија. Спаѓа во Општина Бобов Дол, Ќустендилски област.
Потекло на името Постојат две теории за потеклото на името — народно и научно. Според фолклорот во Бугарија, во минатото имало стара мајка од Бабино со две деца, нарекувајќи ги „фучите“, откако тие се ожениле таа им подарила 20 овци, помладиот отидол да работи како сточар во денешна Мала Фуча додека постариот работел во денешна Голема Фуча.
Според научно истражување, името на селото најверојатно потекнува од зборот куќа, односно к'шта или къща во бугарски. Поради географската близина, Ќустендилскиот говор има слични одлики со Малешевско-пиринскиот дијалект од македонскиот јазик, односно од к‘шта се претворило во куча, слично како кућа во српскиот јазик, од каде после видоизмени се претворило во фуча. Како резултат од тоа името најверојатно значи „голема куќа“.
Географија Селото е сместено во Коњовската планина, поточно југозападниот дел под врвот Колош (1315 м.). Селото е полупланинско со висока надморска височина. 8 км северозапад од селото се наоѓа Бобов Дол, седиште на истоимената општина. Селото е составено од пет маала, меѓу нив се: Црквото, Крсто, Јанковец и Клепало. Содржи мал број на улици поврзувајќи го со останатите општини.
Историја лево|мини|326x326пкс|Споменик за Втората светска војна во Голема Фуча. Голема Фуча е старо ќустендилско село. Од Антиката било населено со Тракијци и Римјани. После нив биле Византијците. Археолози откриле монети во близина на селото произведени за време на владеењето на Јован II Комнин. За време на војните меѓу македонската Самоилова држава и Византија, Цар Самоил и неговата војска го употребиле селото како воена база. Со паѓањето на Бугарија и Балканскиот полуостров под власт на Отоманското Царство селото било под турско ропство. Според еден турски дефтер меѓу 1570-1573 година, селото Горна Куча имало 70 христијански семејства. Новиот назначен селски кмет бил спахијата Хизир кој плаќал 17.000 акчета кон Турците.
Поради големината на селото, тоа било именето во џелепкешаните дефтери како Ѓурне Фуче. Повеќето од младите жители доброволно се пријавиле во Отоманската војска и биле лојални кон турската држава. Во 1880-тите првото основно егзархиско училиште било отворено, подоцна преименувано во „Христо Ботев“. Првиот значаен просветител-егзархист бил Георги Зарев од Жедна, Радомирско.
Во 1920-тите селаните од селата Бабино, Бобов Дол и Голема Фуча организирале бунт против тогашната профашистичка бугарска власт. Повеќето биле уапсани додека некои биле ликвидирани. Селското население на Голема Фуча учествувале во партизанското движење во Бугарија за време на Втората светска војна. Поради тоа повоено било поставено споменик на загинатите големофучани партизани.
Население Население од Голема Фуча според следните пописи:
Етнички состав (2011) Етнички состав на селото според пописот во 2011 година: БројУделВкупно118100%Бугари118100%Турци00%Роми00%Други00%Не одговориле00
Наводи
Категорија:Општина Бобов Дол Категорија:Населени места во областа Ќустендил