Месен народен одбор Крушевица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја Месниот народен одбор Крушевица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негово составно населено место било селото Крушевица. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Крушевица останал територијално непроменет. МНО Крушевица тогаш припаѓал во Прилепската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Крушевица го добил селото Чаниште, на сметка на укинатиот МНО Чаниште. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Крушевица бил укинат на сметка на проширената Општина Дуње.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Крушевица имал 594 жители, односно вкупното население на селото Крушевица. Од таа бројка, 583 биле Македонци, 9 биле Роми, 1 бил неопределен муслиман, додека 1 бил Русин.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Крушевица Крушевица Крушевица Категорија:Мариовска Околија Категорија:Прилепска Околија