Езерото Хоуп — ефермно солено езеро во Далечниот Север, Јужна Австралија.

Опис Се наоѓа на 160 километри југозападно од Инаминчка и 180 километри североисточно од Мари. Езерото Хоуп и блиското Црвено Езеро се наоѓаат на јужната страна од Копер Крик во областа со песочни дини. И двете се наоѓаат во границите на ранчовите Мулка и Езерото Хоуп.

Езерата се наоѓаат во сливот на езерото Ер и за секое од езерата е издадена дозвола за риболов за операција надвор од станицата Мулка. Дозволата овозможува отстранување на 350 тони златен костреш и други видови риби од езерото Ер, но само откако езерата ќе се одвојат од Купер Крик по поплава.

Кога е полно, езерото зафаќа површина од приближно 3600 хектари и е околу 12 киломтери долго. Езерото периодично се полни од поплавите на Купер Крик. Во 1990 година, водите од Купер Крик стигнале до езерото Хоуп, но не до езерото Ер.

Традиционалното име на сопствениците за езерото е Пандо пенуние, што значи големо езеро. Првите Европејци што го откриле езерото биле С.Ј. и Р.Ј. Стаки во октомври 1859 година. Тие го именувале езерото бидејќи се надевале на поголемо богатство во иднина. Томас Елдер го презел првиот пастирски закуп во областа во 1860 година.

Езерото Хоуп се наоѓа во рамките на мокчишниот систем познат како Кунги езера, кој е меѓународно наведен според Рамсарската конвенција и во Австралија со идентична листа во „Именик на важни моклишта во Австралија“.

Поврзано Список на езера во Јужна Австралија

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Австралија