Езерото Гарднер — големо непроточно солено езеро кое се наоѓа во Јужна Австралија, северно од полуостровот Ејр. Кога има поплава, езерото се смета за третото најголемо солено езеро во Австралија. мини|Езерото Гарднер, гледано од воздух.

Опис Езерото Гаирднер се простира на околу 440км северозападно од главниот град на државата Аделаида и околу 150км северозападно од Порт Аугуста во подножјето на северната страна од планинските венци Голер и западно од езерото Торенс.

Езерото е над 160 км долго и 48 км широко и има над 1,2 м дебелина на сол на некои места.

Езерото Гарднер во октомври 1857 година, било именувано од гувернерот на Јужна Австралија, Ричард Мекдонел, по Гордон Гарднер, главен службеник на австралискиот оддел во Колонијалната канцеларија.

Езерото Гарднер, заедно со езерата Еверард и езерото Харис, го формираат Националниот парк Гарднер. Езерата некогаш биле дел од внатрешно море кое се протегало сè до Карпентарискиот Залив.

Езерото Гарднер се храни од шест ефемерни потоци, вклучувајќи ги Гарден Вел Крик, Горџ Крик и Јелтабина Крик.

Земјиштето што го зафаќа просторот на езерото Гарднер било објавено во службен весник како локалитет од страна на Владата на Јужна Австралија на 26 април 2013 година под името „Езеро Гарднер“.

Обиди за рекорди за брзина на копно Езерото Гарднер е место на разни обиди за надминување на рекорди за брзина на копно на неговите солници. Од 1990 година, тоа е локацијата на годишниот настан „Недела на брзината“ што е организирано од „Драј Лејкс Тркачи Австралија“, каде што возачите на различни видови возила имаат цел да надминат рекорди за брзина на копно. Во текот на шест дена во март 2025 година, биле поставени 72 нови рекорди за брзина, а настанот привлекол над 1000 посетители.

Поврзано Список на езера во Австралија

Надворешни врски

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Солени езера во Австралија