Евгениј Рилски — бугарски духовник и просветен деец, архимандрит, претседател на неколку бугарски црковни општини во Македонија.

Биографија Роден е на 13 март 1856 година во град Калофер, тогаш во Османлиската империја,Иванов, Йордан. Св. Иван Рилски и неговият манастир. Царска придворна печатница, 1917, стр. 92. со световно име Иван Кланков. Едвај 14-годишен заминал за Рилскиот манастир, каде што учи кај Неофит Рилски. Учи во Самоковската духовна семинарија и во Пловдивската областна гимназија. Станал духовник во Бугарската егзархија и започнал да работи како учител во Солун. Во учебната 1882 – 1883 година ѓакон Евгениј предавал во Солунската бугарска машка гимназија и е член на учителскиот совет. Во месец декември ѓакон Евгениј го заменува Трајко Китанчев како учител по бугарска историја во I клас на гимназијата. Евгениј Рилски исто така предавал географија на I и II клас. Според Китанчев предавањето на географија било мачно поради недостигот на карти, а по историја се предавало без учебник.

Претседател е на Демирхисарската бугарска општина. Како таков во 1902 година потпишал поздравен говор до егзархот Јосиф I за 25 години на престолот, в кој трите бугарски општини на Мелчничката епархија – Петричката, Демирхисарската и Мелничката изразуваат молба од името на бугарското население за назначување на бугарски владика. На 12 мај 1903 година е уапсен од Демир Хисар и под строга придружба е испратен во затворот во Сер. Тој е задржан, како резултат на поднесен махзар (петиција), за која потписи лично собирал протосингелот на месниот грчки владика. По 52 дена јеромонах Евгениј бил екстерниран.Цариградската патриаршия: поведението на патриаршеските органи, бел. 394.

Покасно е избран за прв егзархиски намесник во град Драма.Кочов, Апостол. Църковно-училищните борби в Драмско. Списание „Македонски преглед“, год. V, книга 2, София, 1929, стр.99.

Од 8 јануари 1914 до 1917 година е игумен на Рилскиот манастир.Иванов, Йордан. Св. Иван Рилски и неговият манастир. Царска придворна печатница, 1917, стр. 92.

Умира во Софија во 1932 година после 5 месечно, тешко боледување.

Наводи

Категорија:Родени во 1856 година Категорија:Починати во 1932 година Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија