Апеирофобија (од ) — специфична фобија, прекумерен или ирационален страв или фобија од бесконечност или вечност и е позната и како страв од бесконечност и страв од вечност. Таа предизвикува непријатност, а понекогаш и напади на паника од наметливи мисли за бесконечноста. Нормално започнува за време на адолесценцијата или порано и моментално не е познато како таа обично се развива со текот на времето. Апеирофобијата може да биде предизвикана од егзистенцијален страв од вечен живот или заборав по смртта. Поради ова, често се поврзува со танатофобија (фобија од смртта), хронофобија (фобија од времето или текот на времето), нихилофобија и други егзистенцијални стравови. Страдачите најчесто пријавуваат чувства на дереализација што може да предизвика перцепција на сонлива или искривена реалност. Егзистенцијалното опсесивно-компулсивно растројство понекогаш може да биде причина за опсесивни мисли за бесконечност или вечност, што може да доведе до или да предизвика апеирофобија. Како и другите фобии, апеирофобијата може да биде поврзана со состојби на ментално здравје како што се анксиозни нарушувања или опсесивно-компулсивно нарушување. Мартин Винер, професор по невронаука на Универзитетот Џорџ Мејсон, претпоставил дека апеирофобијата е манифестација на стравот од непозната иднина, слично на стравот од стареење.
Постојат многу малку истражувања за оваа фобија. И покрај тоа што не е конкретно препознаена од Американската психијатриска асоцијација во DSM-5, таа ги исполнува нивните критериуми за специфична фобија, што е еден вид на анксиозно растројство. Не постојат познати методи на лекување кои се специјално дизајнирани за лекување нето апеирофобијата, иако некои апеирофоби имале корист од лекови против анксиозност или од когнитивно-бихејвиорална терапија.
Поврзано
Бесконечност Вечност Дереализација Танатофобија Хронофобија Анксиозно растројство Опсесивно-компулсивно нарушување Егзистенцијална криза Список на фобии
Наводи
Категорија:Анксиозни пореметувања Категорија:Филозофија на животот Категорија:Смрт Категорија:Психолошки концепти Категорија:Бесконечност Категорија:Фобии