Тоа: Добре дојдовте во Дери () — американска телевизиска серија во жанрот ужас за натприродното, заснована на романот „Тоа“ од Стивен Кинг, објавен во 1986 г.
Серијата претставува предисторија (настани што се случуваат пред) на филмовите „Тоа“ (2017) и „Тоа: Второ поглавје“ (2019), кои исто така се снимени по мотиви на книгата. Како творци на серијата се јавуваат Енди Мускети, Барбара Мускети и Џејсон Фукс.
Дејството на серијата се случува во 1962 г., 27 години пред настаните од првиот филм. Бил Скарсгорд ја повторил улогата на Тоа / Пенивајз од филмовите од 2017 и 2019 г. Во главните улоги се појавуваат и Џован Адепо, Крис Чок, Тејлор Пејџ, Џејмс Ремар и Стивен Рајдер.
Серијата започнала со прикажување на телевизискиот канал HBO на 26 октомври 2025 г., а во Македонија на 27 октомври истата година.
Содржина Во 1962 г., еден пар со својот син се доселуваат во Дери, Мејн, токму кога едно мало момче исчезнува. Со нивното пристигнување, во градот почнуваат да се случуваат многу лоши работи.
Улоги
|Тејлор Пејџ |Шарлот Хенлон |- |Џован Адепо |Лирој Хенлон |- |Блејк Камерон Џејмс |Вил Хенлон |- |Крис Чок |Дик Халоран |- |Џејмс Ремар |генерал Шо |- |Стивен Рајдер |Хенк Гроган |- |Медлин Стоу |Ингрид Керш / Перивинкл |- |Руди Манкусо |капетан Поли Русо |- |Бил Скарсгорд |кловнот Пенивајз / Тоа
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски телевизиски серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__