Армијата од Андите ( ) била воена формација создадена од Обединетите покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина ). Армијата била оформена од генералот Хозе де Сан Мартин како дел од неговата кампања за ослободување на Чиле од Шпанската империја . Во 1817 година, таа ги преминала Андите од аргентинската покраина Кујо (поточно од градот Мендоза) и успеала во својата цел со протерување на Шпанците од Чиле.
Опис Точниот број на војници во армијата варира од извор до извор, а проценките се движат од 3.500 до 6.000 луѓе. Армијата била составена од Аргентинци и Чилеанци, и вклучувала приближно 1.200 помошници. Конгресот во Тукуман го одобрил предлогот на Сан Мартин за формирање армија за борба против ројалистите во Чиле, и помеѓу август 1814 и февруари 1817 година, Сан Мартин ги обучувал своите трупи како подготовка за нивната мисија.
За целите на преминување на Андите, војската била поделена на две главни дела. Првата била под команда на генерален капетан Хозе де Сан Мартин,Official Military ranks granted by the government of the United Provinces of the Rio de la Plata а поддржана од Мигел Естанислао Солер и Бернардо О'Хигинс. Втората била под комданда на полковник Хуан Грегорио де лас Херас
Овие две дивизии го формирале главното тело на армијата, но помали одреди биле испратени на север и југ како странични сили. Помалата северна дивизија се состоела од околу 130 пешадијци и група чилеански емигранти под команда на Хуан Мануел Кабот. На југ, група била предводена од Чилеанецот Рамон Фреире Серано .
По 25-дневно патување низ Андите, Армијата на Андите се судриле со ројалистичките сили во Битката кај Чакабуко . По победата, тие влегле во Сантијаго де Чиле, каде Сан Мартин бил едногласно избран за Врховен директор, кој Сан Мартин ја одбил. По неговото одбивање, О'Хигинс бил избран за Врховен директор. Под водство на аргентински офицери, чилеанската армија била реконституирана.
Наводи
Литература
Поврзано Преминување на Андите
Категорија:Историја на Чиле Категорија:Историја на Аргентина Категорија:Армии