Алзет е река со должина од 73км во Франција и Луксембург. Таа е десна притока на Зауер (притока на Мозел), а на крајот и на Рајна.
Извира во Тил, во близина на градот Вилеруп, во департманот Мерт и Мозел, Франција. Ја преминува границата со Луксембург по 2.7км. Во Ламешмилен (близу Бергем) му се придружува и Мес. Тече низ луксембуршките градови Еш на Алзет, Луксембург(град) и Мерш, и се влева во Зауер во близина на Етелбрук.
Карпестите гребени над Алзет во градот Луксембург се нарекуваат „Бок“. Ова име им е дадено на Казематите од Бок; саќе од тунели што се протегаат под урнатините на Тврдината Луксембург. Тврдината го заштитувала градот Луксембург со векови сè додека не почнале да ја расклопуваат во 1867 година.
Наводи
Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Реки во Франција Категорија:Реки во Луксембург Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Координати на Википодатоците