десно|мини|Карта на зоолошката Дрезденската зоолошка градина Дрезденска зоолошка градина — зоолошка градина во градот Дрезден, Германија, Отворена е на 9 мај, 1861 година и има околу 1031 животни, претежно азиски, од речиси 205 видови (според податоци од 2025 година). Зоолошката градина е член на Светската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (WAZA), на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (EAZA) и на Германската федерација на зоолошки градини (VDZ).

Местоположба Зоолошката градина се наоѓа на јужниот крај од Големата градина (герм: Großer Garten), голем парк во центарот на Дрезден. Пристапот до зоолошката е од јужната и северната страна. Од јужната страна се стигнува со трамвајските линии 9 и 13 на локалната општинска транспортна компанија (Dresdner Verkehrsbetriebe). Пристапот од северната страна е од станицата Зоо.

Историјат Идејата за отварање на оваа зоолошка градина датира од 1859 година, после предлогот на Дрезденското „Здружение за одгледување кокошки“. Тогаш се формирал комитет и било иницирано создавањето на зоолошката. За време на припремите, како пејзажен архитект, работел Петер Јозеф Лене, заедно со архитектот Карл Адолф Канцлер, кој бил одговорен за зградите на зоолошката градина во изградба. Во тој период кралот Јохан помогнал со тоа што ставил на располагање дел од кралската Голема градина. Зоолошката била отворена на 9 мај, 1861 година. Прв директор бил Албин Шоепф. Од 1873 година, Дрезденската зоолошка градина се грижела за големите човеколики мајмуни, особено за орангутаните и во 1927 година добила забележително место во светски рамки. Во оваа зоолошка за прв пат бил забележан и документиран растот на орангутан и неговото природно одгледување од страна на неговата мајка. Темелите на модерната зоолошка градина биле поставени во периодот од 1910 до 1934 година, благодарение на Густав Брандес. Неговата иницијатива придонела зоолошката градина да се трансформира од обична изложба на животни, во средина соодветна на нивните природни живеалишта од кои изложените животни потекнуваат.

Зоолошката градина како мотив во книжевноста За Дрезденската зоолошка градина има неколку мотиви во книжевноста. Еден таков пример е кратката приказна „Тобермори“ (1909) од Саки, каде Англичанецот Корнелиус Апин, како посетител на зоолошката, е убиен од слон.

Забележителна е и случката опишана во романот „Исклучително гласно и неверојатно блиску“ (2005) од Џонатан Сафран Фоер. Се работи за еден од ликовите, Томас Шел, на кого му е кажано да ги застрела сите месојадни животни што избегале од своите кафези за време на бомбардирањето на Дрезден во Втората светска војна. За жал, Томас не знаел кои од животните се месојади, а кои не, па му било наредено да ги убие сите. Притоа, освен месојадни, биле убиени и многу други животни – меѓу нив биле застрелани слон, мајмун, два лава, мечкино младенче, камила, носорог, зебра, жирафа и морски лав.

Поврзано

Список на зоолошки градини во Германија

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на зоолошката Дрезденската зоолошка градина (на германски) Веб-страница на Пријателите на зоолошката Дрезденската зоолошка градина (на германски)

Категорија:Зоолошки градини во Германија Категорија:Знаменитости во Германија